Golf 7, 2.0 TDI, со двајца патници, Скопје-Солун-Скопје, со тоа што во Солун беше прв ден на попуст и имаше невероватна гужва, најмалку 2 часа возев по паркинзи и кружев по град и чекав на семафори. Вкупно 521 километар (14 км имав претходниот ден до бензинска и нешто ситно), просечна од 5,2, по борд. Натака на автопат, 130-150, на враќање покултурно, по знаци нешто плус.
Математиката вели дека 521 км со потрошувачка од 5,2, излегува 27 литри (~пола резервоар), по 46 денари за литар тоа е 1243 денари. Патарините се околу 400 денари во двете насоки, значи вкупно ~1700 денари. Плус и 3-4 евра за паркинг таму. Поентава ми е, познавам пар луѓе кои имаат коли и се и пак одат со автобус на шопинг во Солун кој кошта 800 денари по човек, а ете, веќе кај двајца, повеќе се исплати со кола. Да не збориме за слободата и времето и се останато што е плус на превозот со кола.
