Дефинитивно има проблем дечки, ги пробав кај брат ми истата комбинација, спиралите и амортизерите на кои што се ставени, неговата е 1.6 16v и спиралите си легнаа перфектно, нема допирање на круговите и сите се подеднакво оддалечени едни од други.
Колата се спушти нормално како што треба, а не претерано како кај мене.. за споредба кај него со 195/55 гуми ми береше да ставам 2-3 прсти меѓу гумата и крилото, а кај мене со 195/50 тоа нема шанси, гумата е скоро внатре во крилото.
И што е најважно ја пробав на истите "дупки" кај што мене ми се собираше амортизерот, кај него воопшто нема bottoming out.
Разликата со и без спирали кај мене е 5.5 цм од центар на тркало до крило, значи не се спушта 40 милиметри туку 55мм.
1.6 16v
Едноставно неможам да оставам така лесно 117 евра да ми пропаднат во вода и да ми стојат спиралите во гаража, ќе мора да најдиме некое заедничко решение со дечките од Еуроимпекс/Вотланд. Ќе одам утре да видам што ќе кажат.