Автор Тема: Фичото што јаде многу спанаќ  (Прочитано 38422 пати)

Отсутен Peconi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2948
Фичото што јаде многу спанаќ
« на: 08 Јуни 2012, 22:42:33 pm »
Уште како мал т.е на 12-13години кога идев во Прилеп кај дедо ми на гости го засакав :)
Сегде идевме со него а мене ми го даваше да го возам само на езеро, кај што нема коли нема пат само по земја (нива) и тоа го возев само во прва   ;D
Штета што го продаде немаше да има потреба да купувам друго
Значи ова сега што го имам го купив лани во февруари и од тогаш се е....м со него, ама ако мерак ми е  :)
еве и како изгледаше, фичо ко фичо :)







Го купив на брзинка, не ни го проверив какво пошо беше никакво  :)
го платив 10к, а уствари пред да го купам фичото земав бандаши и гуми, на нероден Петко капа му кроев





После тоа се пуштив во потрага на појак мотор.... 903ка од Фиат 127. Сите мајстори, механичари ги поминав никој немаше и ме правеа будала викаа нигде нема да најдам
арно ама не се откажав... почнав да идам по отпади и најдов во Драчево. Го платив 8к нормално јас да си го вадам па засукавме ракавати со колегата  и се фативме за работа





Го растуривме немаше и имаше што да видиме... тиња. Можда имаше поминато 50к со истото уље, катастрофа. Кога го чистев едвај ги исчистив наслагите





Го светнавме некако со татко ми од бензинот бевме ко издрогирано 7-8 саати бевме над него, па нарадниот ден го однесов да го склопат кај еден пријател.
И од тука почнаа маките, кога почнавме да го растураме фичото имаше и што да видиме.... СКАПАНИЦА. Едно време се мислев да го однесам у отпад и да барам друго али ја сум упорен и си остана у двор













Го растурив до штрафче, немаше веќе што да се извади. И пополека почнавме со крпење, а башка си купив и CO2 апарат.















Задните полумесеци се од голф и се дополнително проширени, морав ради гумите.













за полумесите од голф моравме да правиме и подкрила или подполумесеци









Задните ги средивме како што треба па се пребацивме напред. Таму беше полесно, ги отворив крилата со моторцангла :) го испеглавме кај што е искривено и додадовме 3-4cm лим за да не штрчат гумите.







Го преправив и задниот везен лим, направив место за таблицата. Ме нервира коцкеста









Направив и "механизам" за отварање на задната хауба од внатре









На предната хаува направив дупка



за да не ја отварам кога ќе пунам гориво









На ред дојде шалтаблата. Обичната од фичо немаше да одговара во целава работа па правев комбинации од инструменти









и на крај испадна вака



Во меѓу време ги закрпивме вратите кај што требаше и дојде време за заштита на подвозјето. Кога сме кај втарите т.е стаклата имаа електични подизачи од Алфа 155
Прво целото подвозје го поминав со антирост, за малце ќе се задушев дур го шприцав :) од кога поминаа пола саат почнав да го стругам со четки за да падне р`ѓата
На ред дојде сеал го нанесов на сите споеви па минимум и пластобитот, за на крај црна мат











Од кога се заврши ова на ред дојдоа федерплатното, траверзните, вуљушките, амортизерите..................
Тука малце си играв со боите :)







и почнавме со монтажа на истите





успат направив и санка за поголема стабилност



И до тука сум стигнат, го работиме само за викенд некад сабота и недела некад само недела. Ради тоа е малце спор проектов
Иначе фичулето е со еден куп измени, прво кај моторот фабрички е 45кс и направивме уште некој измени има двогрли вебер, издувна грана 4 во 1 со проточен лонец. Внатре во моторот олеснети се клиповите и клипњачите, главата е 2мм спуштена и исполирана. Ќе има 4 диск кочници напред ќе одат од Фиат 127 позади од Фиат 1500. Позади е спуштено 3cm и ставени се амортизери од лада специјал камен тврди и спирали од пегла а напред е 4cm и ставени се задните фичовски амортизери. Седишта ставив од Фиат Браво ГТ, ретровизори енџелем, централно, аларм
Напред обавезно ќе оди абарт знак со бркови кој треба да се исполира



Ако ништо друго барем научив да заварувам со CO2 :)
и собрав еден куп делови, што нови што половни. Прашувајте све што ве интересира :)
Сите коментари се добредојдени

Отсутен Nakolce

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2310
  • Имигрант
Одг: Фичото што јаде многу спанаќ
« Одговори #1 на: 08 Јуни 2012, 22:57:00 pm »
Одличен проект :D
Има тука едно фичо што е направено ептен мерачки... Па така да мислам дека и ова ќе биде нешто уникатно...
Продолжи со работата ние го чекаме финалниот производ :D

Отсутен martin_bt

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2512
  • Дете Битолчанче
Одг: Фичото што јаде многу спанаќ
« Одговори #2 на: 08 Јуни 2012, 23:00:30 pm »
цар си, фичото екстра си знајш ;D

само продолжи со работа ! ;)
Што вредат коњските сили ако зад воланот седи магаре ... ? ;D


Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5654
Одг: Фичото што јаде многу спанаќ
« Одговори #3 на: 08 Јуни 2012, 23:08:53 pm »
neznam ostanav bez tekst alal da ti e gledam instrumentite od skoda sigi izvadil..alal da tie samo pofalni zborovi imas od mene i daj boze sto pobrzo dago zavrsis proektot i dati se napuni dusata bidejki vakva maka mora da ima ubav kraj

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Фичото што јаде многу спанаќ
« Одговори #4 на: 08 Јуни 2012, 23:17:47 pm »
Сега ми е јасно зашто чоеков му требаше време да го осмисли преставувањето. Свака част, престави ги и останатите.

Отсутен ace-106

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3468
Одг: Фичото што јаде многу спанаќ
« Одговори #5 на: 08 Јуни 2012, 23:35:32 pm »
Одличен проект Пецони,мило ми е што конечно реши да споделиш дел од твојата уметност ;)

Поздрав...

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6216
Одг: Фичото што јаде многу спанаќ
« Одговори #6 на: 09 Јуни 2012, 02:22:18 am »
ке биде ова интересно,сега кажи што боја планираш да го фарбаш,и дали ке иде абарт браник напред или не?

Отсутен NetworX

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 929
Одг: Фичото што јаде многу спанаќ
« Одговори #7 на: 09 Јуни 2012, 02:58:58 am »
ОДЛИЧНО, толку од мене
Dear God. Thank you for providing us with the direct-port nitrous injection, 4 core intercoolers, ball bearing turbos, and titanium valve springs, Amen.

Отсутен Peconi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2948
Одг: Фичото што јаде многу спанаќ
« Одговори #8 на: 09 Јуни 2012, 08:06:38 am »
neznam ostanav bez tekst alal da ti e gledam instrumentite od skoda sigi izvadil..alal da tie samo pofalni zborovi imas od mene i daj boze sto pobrzo dago zavrsis proektot i dati se napuni dusata bidejki vakva maka mora da ima ubav kraj

Да да од шкода, обртомерот е од Купе а останатите од 120L и мерачот за притисок на уље е од Лада 1500

Сега ми е јасно зашто чоеков му требаше време да го осмисли преставувањето. Свака част, престави ги и останатите.

Лесно е да стаиш само слики и ништо да не напишеш, треба да личи не нашто :)
ќе ги преставам и другите, мада тие уште не се пипнати. Мислам на бемберата и опелот

Одличен проект Пецони,мило ми е што конечно реши да споделиш дел од твојата уметност ;)

Поздрав...

фала Ацика  ;)

ке биде ова интересно,сега кажи што боја планираш да го фарбаш,и дали ке иде абарт браник напред или не?

За бојата е лесно само има уште време. Викендов планираме да го ставиме на тркала.....по втор пат. После треба да се средува кабината, да се пушти нова инсталација и да се исштавка.
Има делови ко тарабука е посебно предната хауба и делот кај задните крила. Неќам да ставам мн кит од жешткото одма ќе почне да јавува.
Иначе камелеон ќе го фарбаме а браникот мора да биде абарат заедно со дополнителен хладњак
А планирам на задната шофершајбна да ставам греачи ми обеќаше другар од србија де ќе ми донесе, ама нешто го нема :)
Тоа е тоа сеа идам да работам, како доаѓа при крај све повеќе и повеќе ме влече  ;D

Отсутен Panda

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1083
Одг: Фичото што јаде многу спанаќ
« Одговори #9 на: 09 Јуни 2012, 09:48:43 am »
Peconi интересен проект со среќа нека е!!
па здравје боже да го видиме низ градов како вози :)
... From Dream to Reality <3 EK & CG9 & Del Sol <3
... https://www.facebook.com/groups/158997510955715/

Отсутен ExtremeBt

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1448
Одг: Фичото што јаде многу спанаќ
« Одговори #10 на: 09 Јуни 2012, 10:26:42 am »
Респекат за проектот! Закон!
Отсекогаш сум сакал custom фичо да напрам. Супер, само така продолжи и да видиме слики шо поќе! :D

Отсутен DARK MK1 GTI

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5087
Одг: Фичото што јаде многу спанаќ
« Одговори #11 на: 09 Јуни 2012, 11:18:23 am »
Vakvi proekti sekogas gi stavam na prvo mesto !

Odlicna rabota,mnogu trud zelba ,ljubov na edno mesto s..........

Prodlozi vaka imas moja podrska ! :)

Отсутен BokiCivic

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3803
  • Боинг 747
Одг: Фичото што јаде многу спанаќ
« Одговори #12 на: 09 Јуни 2012, 11:27:58 am »
Браво, секоја чест.  :)

Отсутен bobi010

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 448
Одг: Фичото што јаде многу спанаќ
« Одговори #13 на: 09 Јуни 2012, 12:06:23 pm »
Супер полниње на бензин одличен проект.

Отсутен ViksaSk

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1225
Одг: Фичото што јаде многу спанаќ
« Одговори #14 на: 09 Јуни 2012, 12:52:32 pm »
Секоја чест браво!!!Најинтересното аутомобилче за праење фиќуле!!