Фала за пордшката, ми треба
Иначе фората со спанаќот е исто ко со попај
Иначе проектот се вика Abarth 903 TCS Torino Corsa Scorpione
А ставање појак мотор со себе влече и уште миљарда други зае.....ции. Како прво треба да го искасапиш целото за да влезе друг мењач, најдобра и најбезболна варјанта е мењап од Рено 5 до 81ва со 5 брзини. Со тој мењач има најмалце преправки и на тој мењач би ставил 1,2 од пунто со 72кс плус уште некој преправки може да се стигне до 90кс што е таман дури и премногу за фичо, има само 600 кила. Доволно е овој сега што го имам околу 55кс и мењач 8/37 што гарантира околу 160 на саат
А во сообраќајна пишува 73та
Еве некој слики од денес, наместено е цело подвозје све ново е ставено освен федерплатаното и задните траверзни
Еве како изгледа комбинацијата со адаптерите за дискови што ја правев за напред
шапите не ги ставив не се убаво исчистени и исфарбани. Ќе одат на пескарење заедно со бандашите. Моментално наместив челични 14ки од калосот со 185/60 гуми и позади нема гајле а напред на пун лев/десен фаќа на шасија. Еве го како изгледа со 14ки ко џипче е
А еве го на неговите бандаши и 175/60 мишелинки
Почнав да ги појачувам хаубите т.е предната стигнав до пола и снема струја, па почна и да врне и си се собравме и домче
Нареден викенд ги довршувам хаубите и се фаќаме со штавкање, со ова ќе изгубиме 4-5 работни дена али тоа е мора да биде бомбона
Еве и една слика од од мене како ги местам споните и ги затегам сите штрафови, сликана од другарчето кој доста ми помогна околу кревање спуштање, додавање кључеви и такви ствари
btw. Кажете некој добар ама стварно добар електричар треба да пушти цела инсталација, јас џабе завршив у коце