Уште како мал т.е на 12-13години кога идев во Прилеп кај дедо ми на гости го засакав
Сегде идевме со него а мене ми го даваше да го возам само на езеро, кај што нема коли нема пат само по земја (нива) и тоа го возев само во прва
Штета што го продаде немаше да има потреба да купувам друго
Значи ова сега што го имам го купив лани во февруари и од тогаш се е....м со него, ама ако мерак ми е
еве и како изгледаше, фичо ко фичо
Го купив на брзинка, не ни го проверив какво пошо беше никакво
го платив 10к, а уствари пред да го купам фичото земав бандаши и гуми, на нероден Петко капа му кроев
После тоа се пуштив во потрага на појак мотор.... 903ка од Фиат 127. Сите мајстори, механичари ги поминав никој немаше и ме правеа будала викаа нигде нема да најдам
арно ама не се откажав... почнав да идам по отпади и најдов во Драчево. Го платив 8к нормално јас да си го вадам па засукавме ракавати со колегата и се фативме за работа
Го растуривме немаше и имаше што да видиме... тиња. Можда имаше поминато 50к со истото уље, катастрофа. Кога го чистев едвај ги исчистив наслагите
Го светнавме некако со татко ми од бензинот бевме ко издрогирано 7-8 саати бевме над него, па нарадниот ден го однесов да го склопат кај еден пријател.
И од тука почнаа маките, кога почнавме да го растураме фичото имаше и што да видиме.... СКАПАНИЦА. Едно време се мислев да го однесам у отпад и да барам друго али ја сум упорен и си остана у двор
Го растурив до штрафче, немаше веќе што да се извади. И пополека почнавме со крпење, а башка си купив и CO2 апарат.
Задните полумесеци се од голф и се дополнително проширени, морав ради гумите.
за полумесите од голф моравме да правиме и подкрила или подполумесеци
Задните ги средивме како што треба па се пребацивме напред. Таму беше полесно, ги отворив крилата со моторцангла
го испеглавме кај што е искривено и додадовме 3-4cm лим за да не штрчат гумите.
Го преправив и задниот везен лим, направив место за таблицата. Ме нервира коцкеста
Направив и "механизам" за отварање на задната хауба од внатре
На предната хаува направив дупка
за да не ја отварам кога ќе пунам гориво
На ред дојде шалтаблата. Обичната од фичо немаше да одговара во целава работа па правев комбинации од инструменти
и на крај испадна вака
Во меѓу време ги закрпивме вратите кај што требаше и дојде време за заштита на подвозјето. Кога сме кај втарите т.е стаклата имаа електични подизачи од Алфа 155
Прво целото подвозје го поминав со антирост, за малце ќе се задушев дур го шприцав
од кога поминаа пола саат почнав да го стругам со четки за да падне р`ѓата
На ред дојде сеал го нанесов на сите споеви па минимум и пластобитот, за на крај црна мат
Од кога се заврши ова на ред дојдоа федерплатното, траверзните, вуљушките, амортизерите..................
Тука малце си играв со боите
и почнавме со монтажа на истите
успат направив и санка за поголема стабилност
И до тука сум стигнат, го работиме само за викенд некад сабота и недела некад само недела. Ради тоа е малце спор проектов
Иначе фичулето е со еден куп измени, прво кај моторот фабрички е 45кс и направивме уште некој измени има двогрли вебер, издувна грана 4 во 1 со проточен лонец. Внатре во моторот олеснети се клиповите и клипњачите, главата е 2мм спуштена и исполирана. Ќе има 4 диск кочници напред ќе одат од Фиат 127 позади од Фиат 1500. Позади е спуштено 3cm и ставени се амортизери од лада специјал камен тврди и спирали од пегла а напред е 4cm и ставени се задните фичовски амортизери. Седишта ставив од Фиат Браво ГТ, ретровизори енџелем, централно, аларм
Напред обавезно ќе оди абарт знак со бркови кој треба да се исполира
Ако ништо друго барем научив да заварувам со CO2
и собрав еден куп делови, што нови што половни. Прашувајте све што ве интересира
Сите коментари се добредојдени