Друже...
Знам те спобудалевме со препораки...ама јас ќе бидам најреален..
Еве вака
Бидејќи си млад татко, претпоставувам ти треба
1) Комотно возило
2) Мала потрошувачка
3) Евтино одржување
Комоцијата лесно се решава, имаш мал милион комотни возила за овие пари. Гледам алудираш на понови па изборот солидно е намален, ама сепак и добра сума одделуваш што ми дава за слобода да ти понудам повеќе решенија.
Бидејќи бираш возило од 4500 до 6500 евра, јас би ти препорачал да се движиш околу 5500 евра, со тоа што биди спремен да потрошиш можеби 1000 евра (не до толку ама ете резерва) за резервни делови, сервиси и сл.
Многумина ќе се насмеат ќе речат ајде бе што ќе правиш 1000 евра, ама доколку сакаш тип-топ средено возилце, брзо ќе ги фукниш тие пари. Еден сет на гуми ќе те кошта 300-400 евра
, а каде се други делови, каде е сервис...Ама прво со ред!
Со коли се баратам долго време и можам да ти кажам едно многу важно искуство.
Најдобри возила прават германците и јапонците (и корејците).
Тоа ти е златно правило. Кој сака нека кажува и што сака нека кажува.
Германците,освен тоа што имаат издржливи машини и каросерии, имаат многу многу евтини резервни делови, како на ново така и на старо.
Да, ...знам секоја втора е германска кај нас, но знам дека сега ти е повеќе до практичност дојдено него ли да се разбацуваш со некакви филмови од типот јас сум Алфист ќе лупнам пари али меракот е голем (нека не ми замеруваат Алфистите, Алфа Ромео ми е една од моите омилени марки).
Е сеа споменав јапонски/корејски. Издржливи машини, одлични каросерии, релативно евтино одржување, за жал мал број на стари резервни делови... многу мала потрошувачка, претежно бензинци се и ќе мора да одиш на варијанта плин, што ти намалува багажен простор, но имаш добро решение. Помалку исплатливо од дизел, но сепак одлична замена е (ова го зборувам од лично искуство).
Друго правило е што сите се залетуваат на 1.9 TDI моторите како најдобри мотори. Точно,тие се мнооогу добри мотори, но кај нас маана е што се носат секакви кршови со милиони километри и ако не си искусен можеш гадно да наебеш со лош мотор.
Решение?...Поголем дизел мотор. 2.5TDI е соврешно балансиран мотор. Да има поголема потрошувачка, но ако е добар може два пати подолго да извозиш отколку со 1.9. Причина? Помалото оптеретување на машината заради 140-150КС што ги поседува. Маана: Поскапи резервни делови за не дај Боже нешто лошо да тргне.
Е сеа да скратам и конкретни модели да напоменам...
VW Golf IV од 2003-4 година со 1.9TDI-110КС за тебе е идеална солуција.
Во овој пакет влегуваат (иста механика)
Skoda Octavia 1.9TDI
Seat Toledo 1.9TDI
Audi A3 1.9TDI
Зошто не Passat или A4? Скапа предница. Алуминиумска е и брзо треба да ја менуваш, а комплет е околу 400 евра, за разлика од Голфовската што е едвај 200.
Од бензинци само 1.6 мотор ти препорачувам од VW. 1.4 и 1.8 обичен се покажаа како послаби мотори, но од друга страна 1.8Т се покажа како релативно добар мотор.
Е сеа кога споменав бензинци би ти препорачал Опел и тоа 1.6 16V мотор кој го имам јас. Моќен стартен и Опелите се багатела за одржавање. Ако ти кажам дека комплет заден добош (да...буквално се) со се гуртни е 1500 денари...нема потреба повеќе да се коментира.
Тука доаѓа Зафирата како предлог од моја страна.
Имаш и Опел дизел, кои имаат добри дизел мотори но внимавај со тие пумпите кај 2000-ките дизели можат заебани да бидат. 400-500 евра ако не се лажам е една пумпа.
И на крај гледам си се напалил на Алфа...
Welcome to the club!
И јас сум во ваква недоумица. 147 е мојот избор ама не знам сеуште.
Комплет предница за чудото е 40 000 денари (четириесет илјади денари) истата предница ја носи и 156-ката. Не дај боже да земеш Twin Spark.
Ако земаш Alfa само 1.9JTD или најубаво 2.4JTD од причини наведени погоре.
Меѓувреме разгледај и BMW 320D Е46 и тие се солидни количиња и мислам ќе ти брка многу работа тоа возилце...