Избриши го полото, бирај во поголемата класа. Количка + бебе = многу потребен простор
Не дека не се живее и со кола од пониската класа, ама кога веќе можеш да бираш, бирај покомотно. Хечбек меган, астра и сл, е фина комбинација за низ град, а и за подолго патување, комотно собира и најгломазно детско седиште, а и во гепек собира поголема количка за деца. Башка, и полесно се бира, зошто веќе 90% од тие коли имаат клима. Ова од искуство ти го зборам, а и секој друг (потазе) татко веројатно ќе потврди.
Дизел или бензин конвертиран на плин со боца наместо резервно тркало (со прописен сет за репарација на гуми).
Нека ти е живо и здраво бебенцето, и со среќа во изборот