Автор Тема: Одржување на турбодизел автомобилите  (Прочитано 32832 пати)

Отсутен NUME

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5726
Одг: Одржување на турбодизел автомобилите
« Одговори #90 на: 14 Февруари 2012, 15:26:13 pm »
roki a da vidis da ne pustas i klima na greenje  ;D ;D ;D ;D ;D
kaj kia ceed na ladno kolegata ke pusti parno i klima greese banja za 5 minuti , kaj mene ako kliknam na klimatronikot vo sofersajbna da duva odma se vklucuva A/C pa mora econ da strakam...

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8872
Одг: Одржување на турбодизел автомобилите
« Одговори #91 на: 14 Февруари 2012, 15:28:28 pm »
не не econ никогаш не се гаси, си стои упалено кога пуштам греење, и само на шофершајбна да го стиснам тоа пак е econ упалено. Климата ми се уклучува "автоамтически" само кога ке го затворам доводод за воздух од надвор ако имам некој трабант пред мене.

За греењето наутро без клима за брзо време почнува да дува топло

Отсутен Petar_TDI

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 35
Одг: Одржување на турбодизел автомобилите
« Одговори #92 на: 16 Септември 2012, 18:03:06 pm »
едно прашање... од филтерот за нафта ми влегува воздух во бошпумпата и тоа некогаш приметувам дека оди многу воздух. Дали е нормално и ако не, колку е штетно?

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Одржување на турбодизел автомобилите
« Одговори #93 на: 16 Септември 2012, 18:05:34 pm »
stetno e. vednas popravi go.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14241
  • Пудингот на шоферството
Одг: Одржување на турбодизел автомобилите
« Одговори #94 на: 16 Септември 2012, 18:06:38 pm »
Не е нормално воопшто,штетно освен тешко палење или воопшто да не запали,неубаво работење и сл...незнам шо штета може да се направи на бошот.Нека каже некој стручен или поупатен.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен stig

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 933
Одг: Одржување на турбодизел автомобилите
« Одговори #95 на: 16 Септември 2012, 18:08:53 pm »
Ако се работи за TDI мотор, замени ги гумичките на таа белата пластика на филтерот што ти е на повратното црево. Штета не би можело да направи ама може да се врати горивото во резервоарот па да не ти пали инаку до некоја мала мера е скоро нормално. Друга варијанта е да е затнат неповратниот вентил во резервоарот од кај што трга гориво па прави вакум и од некаде трга воздух.

Отсутен Petar_TDI

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 35
Одг: Одржување на турбодизел автомобилите
« Одговори #96 на: 17 Септември 2012, 07:38:20 am »
ОК, фала на сите, ќе го средам деновиве. Да за ТДИ се работи, таа белата пластика кај мене е црна и сумлива ми е  8)  не можев да ја најдам по продавнициве а во план ми е да ја сменам цела не само гумици  ;)

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10948
  • 430i
Како да се вози турбо мотор
« Одговори #97 на: 23 Мај 2013, 12:00:33 pm »
Не е само за турбо-дизел, туку за било кој турбо мотор. Повеќето работи се веќе кажани во темата, ама еве еден текст каде е сумирано:

Цитат
Мотори со турбополнач се многу повеќе изложени на топлински и механички оптеретувања од класичните и затоа не е препорачливо долго возење со високи вртежи

Се поголем број од современите мотори на денешницата се опремени со турбополнач, така да дури и не постои дизел мотор на пазарот кој е без турбо - последен беше моторот 2.0 SDI на „Фолксваген“.
Заради тоа се вика - „ако е дизел, тогаш турбо, ако е турбо, тогаш дизел“. Но, во последно време турбо трендот е се поприсутен и кај бензинските мотори.
 
Турбополнач е склоп на турбина и полнач, кој ефективно ја зголемува делотворноста и ја подобрува работната карактеристика на моторот, при тоа намалувајќи ја потрошувачката.
Доколку сакате вашето турбо да работи оптимално, следните правила морате да ги почитувате:

1. НЕ ГО ГАСЕТЕ МОТОРОТ ВЕДНАШ ПО БРЗО ВОЗЕЊЕ

Додека моторот работи, истовремено и се лади со разладниот систем и со моторното масло, а кога ќе се изгаси ладењето моментално престанува, а во него заостанува топлината на согорувањето. Заради оваа појава, по гасењето на моторот на критичните места температурата се - зголемува.
Со нагло гасење при поголемо оптеретување настанува топлински шок, со кој посебно се загрозени турбодизелашите. Турбополначот се загрева до 900 степени целзиусови (со „чип-тјунинг“ и до 950), а кај бензинците до 1000. Ако по подолго возење на високи вртежи, турбодизелашот веднаш се исклучи, температурата на маслото, лежаите и осовината расте и преку 500°C. Во такви услови моторното масло ќе изгори и може да ги затвори маслените канали, а може да дојде и до деформација на погоре споменатите делови. Слично е како кога човек трча по вжарен јаглен - проблемите настануваат кога ќе застане.


2. ВНИМАТЕЛНО СО ЛАДЕН МОТОР

По првото утринско палење, посебно во зима, турбомоторот не смее да се форсира додека да не постигне работна температура.
Работењето на ладен мотор на високи вртежи е штетен, посебно со турбополнач. Имено, со додавање на гас брзината на роторот расте до 250.000/мин, а со незагреано масло подмачкувањето е лошо, што може да предизвика оштетување. Кај ладниот мотор се големи топлински разлики на турбинската страна, која ја придвижуваат издувните гасови и ладната компресорска. Најголеми разлики се ствараат при нагло оптеретување на ладен мотор, што може да предизвика оштетување на вратилото и крилцата на роторот.


3. УМЕРЕНО СО ВРТЕЖИТЕ

Современите дизелаши најголемиот вртежен момент го развиваат помеѓу 1.500 и 2.000/мин и заради ова е најдобро да се возат на ова ниво на вртежи или нешто малку над посоченото ниво.
При овој режим на работа потрошувачката е најмала, а механичкото и топлинското оптеретување не се високи и затоа не треба да се тераат на превисоки туражи. За темпераментно возење доволно е брзините да се шалтаат на 3500в/мин, бидејќи над овие вртежи моментот паѓа, а над 4000в/мин и силата опаѓа.


4. ИСКЛУЧИВО СИНТЕТИКА

Минерално и полусинтетичко масло може да се користи во усисен (атмосферски) мотор, но подобро е синтетичко. Кај турбо моторите синтетичкото масло е обврска, бидејќи тоа е многу поотпорно на високите температури кои се јавуваат во моторот, а особено во самиот турбополнач.
Синтетичкото масло се препознава по долното ниво на вискозност 0W и 5W, додека вредноста 10W укажува на полусинтетичко, а 15W на минерално масло. Меѓу синтетичките масла најчеста градација е 5W 40, која нуди најдобар однос на добри својства и поволна цена.

ВАЖНО

• По големи оптеретувања не го гасете моторот веднаш. Пуштете го да работи неколку минути во неутрална, лер позиција.
• Избегнувајте ги големите оптеретувања, а на долг пат пред да стигнете на своето одредиште, постепено намалувајте го оптеретувањето на моторот.
• Возете на средно ниво на вртежи.
• Користете исклучиво синтетичко моторно масло и менувајте го редовно.
• Редовно менувајте ја разладната течност и контролирајте ја исправноста на разладниот систем.
• Внимателно при купување на половни турбодизелаши, бидејќи најчесто имаат дотраени турбополначи.

ДОБРО Е ДА СЕ ЗНАЕ

Првиот сериски автомобил со турбополнач бил американскиот Chevrolet Corvair Monza Turbo, односно неговиот технолошки близнак Oldsmobile Jetfire Turbo од 1962 година.
На европскиот пазар прв беше BMW 2002 turbo од 1973 година, со сила од 100 до 170кс. Две години потоа стигна Porsche 911 turbo со 301кс, додека од првите во таа, пионерска епоха најголем успех постигна моделот Saab 99 turbo од 1977 година со 145кс.

http://visokioktani.mk/mk/articles/soveti/kako-da-se-vozi-turbo-motor-prv-del

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14241
  • Пудингот на шоферството
Одг: Одржување на турбодизел автомобилите
« Одговори #98 на: 23 Мај 2013, 12:13:38 pm »
Овие ги заебаа и оние кои ги произведиле возилата.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7371
Одг: Одржување на турбодизел автомобилите
« Одговори #99 на: 22 Јули 2013, 13:16:53 pm »
Vaka se gleda koj motor kolku vredi. Site koli sto gi kupuvam pominuvaat ekstenzivni testovi, i ako ne izdrzi kolata 3-4 saati maltretiranje so gasta vkraj, ke odi na pazar. MOcaj se na onoj motor sto ne smees da go gazis poveke od 10 minuti. Za Golf 1.4 vazi deka ke zariba ako go gazis od Veles do Skopje. Od druga strana pak mnogu me bendisuva noviot 1.6tdi motor koj pri 190 odi na 3000 rpm, mozis ovaa brzina da ja odrzuvas 24h bez problem(najverojatno)

Сега ти го гледам постот, иако е стар 2 години ;D Повели, ќе седнеме во косилицата и ќе ја газиме нон стоп на пуна гас, Скопје- Струмица. Доволно ? ;D ;D ;D Ќе зариба бе... денииии ;D

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34067
  • Таков е животот... јебига
Одг: Одржување на турбодизел автомобилите
« Одговори #100 на: 22 Јули 2013, 14:04:53 pm »
Тогаш ЛП не знаел што зборува, а ни сега.

Отсутен Goran66

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 11
Одг: Одржување на турбодизел автомобилите
« Одговори #101 на: 13 Декември 2018, 14:40:56 pm »
Zdravo decki. Ke zamolam nekoj ako ima iskustvo so turbinite na Ford Focus 1.6 tdci 2006-2008 vo odnos na odrzuvanjeto, problemite i reparacijata. Kako i dali e stetno za motorot da se vozi kolata so izvadeno turbo? Vi blagodaram.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6686
  • Бенве сие бенве
Одг: Одржување на турбодизел автомобилите
« Одговори #102 на: 13 Декември 2018, 17:18:45 pm »
Помалку ќе троши со извадено турбо

Sent from my VTR-L29 using Tapatalk


Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3817
Одг: Одржување на турбодизел автомобилите
« Одговори #103 на: 13 Декември 2018, 18:11:22 pm »
Zdravo decki. Ke zamolam nekoj ako ima iskustvo so turbinite na Ford Focus 1.6 tdci 2006-2008 vo odnos na odrzuvanjeto, problemite i reparacijata. Kako i dali e stetno za motorot da se vozi kolata so izvadeno turbo? Vi blagodaram.

Јас на 120ккм го извадив турбото, еве ја на 271ккм сега, супер е. Помалце троши и помирно работи. Малце е поспора но не ми мењава многу за нашиве патишта.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен Goran66

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 11
Одг: Одржување на турбодизел автомобилите
« Одговори #104 на: 15 Декември 2018, 16:31:02 pm »
Zdravo decki. Ke zamolam nekoj ako ima iskustvo so turbinite na Ford Focus 1.6 tdci 2006-2008 vo odnos na odrzuvanjeto, problemite i reparacijata. Kako i dali e stetno za motorot da se vozi kolata so izvadeno turbo? Vi blagodaram.

Јас на 120ккм го извадив турбото, еве ја на 271ккм сега, супер е. Помалце троши и помирно работи. Малце е поспора но не ми мењава многу за нашиве патишта.

Fala na info