Често, покажувачот на температура на вода на табла, не содејствува со реалноста.
Покажувачот на температура на инструмент таблата покажува работна температура кога е температурата на течноста за ладење блиску до работната температура, значи ако варира од 80 степени до некаде 92-93 тогаш на таблата ти покажува 90 точно. Тоа е така направено затоа што нема термостат кој што ќе ја задржи водата на 90 степени точно, а и нема потреба возачот да знае дека температурата варира максимум 8-9 степени.
А инаку како што загрева моторот си покажува точно само варијациите од 8-9 степени кога ќе достигне работна температура не ги покажува затоа што тоа е нормално да се случува ако веќе почне да варира повеќе од тоа ќе почне и стрелката да покажува повисока или пониска температура. Ова ми е проверено со дијагностичка опрема на многу возила.
абе можеби ама тоа што се прикажува на PC на некој начин се прикажува на твојата инструмент табла, не собира компјутерот 2 податока едниот за инструмент табла а друг за тебе, така да исто ти се фака освен ако не ти е инструмент таблата во некој дефект па да дава лош податок
Токму така Марче скоро кај сите сензорот за температура е со четири пина, два пина се за инстумент таблата два пина за ЕЦУ-то.
Може ако ти е расипан сензорот во делот што ја мери температурата за ЕЦУ-то да не ти пали греачи на сабајле и тешко да пали ради тоа што ќе му кажува дека е загреан моторот, или па обратно цело време да кажува ниска температура и ќе качи на потрошувачката а ти си гледаш на инструмент таблата дека е 90 степени работна температура.