Исто ако возиш на плин, не смееш да влегуваш во гаражи (подземни, затворени, катни) забрането е и малку пумпи има со плин.
Обавезно МК знакче (со соодветна законска големина назад на колата). Елек внатре во кола... Ако имаш нова пластична дозвола немаш потреба од интернационална, на новите возачки испишано е на француски и англиски...
Мој совет е да пробаш француски специјалитети во фини ресторанчиња, патка au miel, полжави, foie gras, коњски стек... Единствена работа во која французите се неприкосновени тоа е храната. Нема да најдеш подобра храна, специјалитети и начин на исхрана од французите.
Кога ќе бараш ресторанче да ручаш, испред имаат сите објавено што е мени на денот, го нарекуваат формула и може да има неколку вида, прво јадење, второ јадење и десерт кафе. 99% од луѓето кога седнуваат да ручаат во 12 часот во ресторанче порачуваат мени на денот. Тоа е најдобра и најефтина варијанта. Ако нарачуваш ќе чекаш многу повеќе и ќе те кошта многу повеќе. Не одбирај многу многу туку препушти се на нивните готови мениа, нема да зажалиш.