Австрија 8 евра е вињета за 2 дена. Другите не ми текнуваат колку пари беа.
Париз. 4-5 дена се ОК за она што сакаш да го видиш АМА
- за кулата обавезно купи карти и резервирај преку интернет за да не чекаш 2 саати за нагоре. Рачунај обавезно едно 2 саати за надолу. Пола ден само на кулата ќе потрошиш и не вреди според мене, еднаш сум се качил и никогаш повеќе.
Дизниленд. Таму е ОК да одиш со кола зошто далеку е од градот (едно 25 минути возење, зависи гужва) и имаш многу паркинг места. 15-20 евра паркинг ќе биде таму. Имаш и со воз да одиш до таму, има посебна железничка станица. Ако одиш Дизни преку викенд или празник - подобро не оди. Толку гужва ќе има што ќе чекаш по 45 минути за едно возење. Ќе ти скурчи зошто цел ден едвај на 6-7 работи ќе се качиш. Оди во работен ден, многу подобро е. Пред да влезиш има тапкароши шиткаат поефтини карти, без проблем 3-4 пати купив од кај нив. Картите се ОК, ги принтаат преку интернет ги купуваат со попусти. И сам можеш да најдиш на интернет ако разбираш француски. Имаш два типа на карти за два посебни парка. Вториот има многу добар ролекостер (со најмногу Г сили или слично во Европа така нешто) и стварно е ЛУД. Тоа е единствена работа која мене ми се бендиса во Дизни. Исто во тој втор парк има Холивуд тура со автобус поминуваш низ поплави огнови и други реални холивудски сцени. И тоа е супер. Останатиот дел од Дизни - така така. Рачунај карта е 70 евра за двата парка од човек, а вториот парк вреди да се види повеќе него првиот (и малку се доплаќа)
Превоз низ Париз најдобро со метро. Остави кола и шверцај се низ метро

Казна е 35 евра кеш на место. Ако си арап нема казна.

Инаку еден правец возење е 1 евро кома нешто, не вреди да се шверцаш.
Патарини низ Франција ти се едни од најскапите во Европа. Најдобро имај кредитна картичка за плаќање. Автопатите се супер, макс брзина е 130 км, ќе видиш дека многу локалци тераат и по 160. Немој да брзаш, има премногу контроли и радари, има табли каде пишува дека доаѓа радар ама има и такви кои се мобилни. Затоа немој да пречекоруваш ама и немој помалку да возиш ќе ги нервираш тие позади тебе.
За хотели не можам да ти кажам, ги има премногу и зависи каде сакаш да бидеш итн затоа најдобро сам да разгледаш.
Провери си шара на гумите, минимум легална е 1.8 милиметри, огромна казна има ако ти е излижена под ова. Хоум мејд ксенон, неоригинални бандажи, различни гуми, никако.
Французите возат ептен лошо по автопати, пази се. Поготово кога ќе видат странска таблица ти се пикаат не ти даваат предност, мораш многу да внимаваш.
Магистрални патишта избегнувај зошто рачунај ДУПЛО повеќе време ќе те фати и нема многу храна/тоалети/бензински по нив.
Има сега нов закон во Франција за задолжително носење алкохол тест, тоа е 2-3 евра да се купи и не знам дали е задолжителен од јуни или јули, не се сеќавам.
Имај при рака разговорник француски, многу луѓе не знаат англиски и ќе ти притреба да се разбериш.