Шо е придобивката коа ценовно се исти или поскапи од конкуренцијата.
Кинеските возила не се ценовно исти ниту ќе бидат исти со конкуренцијата. Зошто?
Бидејќи тие не се зависни од други како што европскава индустрија е зависна од Кина и од други. Кинезите за да дојдат до финалниот производ не пазарат компоненти и делови, батерии од други трети четврти филтери и странки, него сами си произведуваат, домашно производство го користат максиум и го финализираат производот. Имаат и природни резервни ресурси, затоа произведуваат и се тие, и затоа се најголема технолошка сила, најголем производител на батерии. А Европа нема такви ресурси, мора да купува од надвор. Кина е најголем добавувач на Германија и ЕУ. Метали, лим, алуминиум, челик се купуваат од Кина. А сега и батерии. Затоа европските се поскапи, зошто се муе дупло купено, тие само го монтираат, башка високите сатници за работниците и они ако ги продаваат како кинезиве за ефтино нема да имаат ич профит, во загуба се така. Некои викаат ЕУ може да ги уништи кинезите ако продаваат и тие ефтини возила, ама проблемот е во тоа што не можат да продаваат ефтинл, се што монтираат на нивните возила е од надвор. Германија нема алуминиум, нема суровини за батерии да прави, туку купува и затоа се скапи нивните возила. Ај нека работат германците на сончева енергија, не можат, немаат сонце, мора да купуваат енергенси од други земји за да работат фабриките, а тоа кошта пари, и во цената на нивниот проозвод тие пресметано и тоа. А Кина има се, прриродни богатства, рудници, клима, енергензи, има ефтина работна рака и затоа и се ефтини производите и возилава. А еве ако отворат фабрики на ЕУ територија како што направија јапонците и корејците, ќе ги избегнат високите давачки при извоз Кина и увоз ЕУ, зошто овие од Брисел тоа го знаат и санкции. А вака тука е произведено во ЕУ и нема кај да мрдаат бриселциве. Освен да ја исфрлат Маџарска од ЕУ хаха.
И сеа логички, боље да возам 100% кинеска кола со 3х пати поефтина, него германска или друга еу кола со кинески батерии и делови и цена 3х пати повисока.
Ех, пред само 10години, Европа отвараше фабрики во Кина, а сега Кина отвора фабрики во ЕУ.
Тој e тој новиот мулти-поларен свет, истокот си гази.