Загубата по возило не значи (скоро) ништо. Ако гледаме така, и Tesla не беше профитабилна до 2020. Нормално е на почетокот да се работи со „загуба“ затоа што милијардите потрошени на дизајн, развој, итн во моментов не можат да се покријат со продажба на само ~1000 возила (или колку и да имаат продадено до сега). Ама тие пари ќе си останат потрошени и со време ќе се покријат со продажба на возила и фирмата ќе почне да си профитира.
Секако, може и глупости да тресам, ама мене лично Lucid ми е интересна компанија. Колите им изгледаат барем 174 пати подобро од било која Tesla, ама како и секоја нова компанија имаат проблем со стабилно производство, маркетинг, продажба, итн.
Ама па интересни ми се и акциите се купуваат додека се евтини.