Па добро, можат да го сменат степенот на диференцијалот за многу помала цена. Зависи кој колку ставил акцент на тоа.
Moже секако, но пак тоа е нов дел а не стариот. Зошто да не го стават стариот и да заштедат? Зборувам за секојдневни коли како Фиеста значи, не за некои ѕверови. И понатаму ете графикот што го имаш ставено е во ред, но споредбата во текстот потоа ја направи обратно. Во ред е дека за таа кола е подобро 2000рпм, од 1500 рпм, но тука не се работи за тие бројки. Се работи за многу повисоки бројки во реалноста. На пример Фиестата 1.4 ТДЦи (мојата) е турбо и тоа дизел, а 130кмч е на 3000рпм. Тоа е безвезе според мене и ја утепува колата максимално за на автопат. Неможам да најдам график сосе силата на моторот потребна за брзина, но еве од 1.9Тди што е блиску за скоро секој дизел.
Возилото има најголема ефикасност во рангот на 1500-2200 рпм, а и голем момент има во тоа подрачје. Со други зборови, конкретно на Фиестата 1.4 ТДци сметам дека има навистина доволно сила за да се справи со 130кмч при 2200 рпм, а не 3000. Како што веќе во скоро сите понови дизели ова е случај и ретко кој е над 2200 на 130кмч како што и треба да биде всушност.
А со промена на диференцијалот ќе направиш гиаринг на сите брзини, што не треба да се направи. Туку само на последнта (овердрајв) за крузање.