Автор Тема: Alfa 147/156 airbag проблеми  (Прочитано 4500 пати)

Отсутен kefi

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 97
Alfa 147/156 airbag проблеми
« на: 02 Јуни 2012, 19:46:56 pm »
Еден од почестите проблеми што се појавува кај алфа 147/156/ГТ e запалена сијаличка за воздушните перничиња. Ако по иницијалниот тест пред палење, остане да свети црвената сијаличка со балон пред човечето, може да ве интересира оваа тема :)

Најпрвин, да нагласам дека не сум овластен механичар, ниту пак сум нешто посебно образуван на темава. Моите искуства и совети земете ги со доза на резерва и применувајте ги на ваша одговорност.

Викендов дојде на ред да погледнам што е проблемот со воздушните перничиња. Искрено, проблемов го имав повеќе месеци, ама ете, мрза :) Треба кабел за поврзување на еку-то. VagCom со преправки за пин 3 (или адаптер 2 ако имате). Имам и ELM 327, ама тој не ми е преправен. Јас користам Fiat Ecu Scan, програмче на еден бугарски програмер, кој солидно си ја врши работа. Има бесплатна верзија, која покрива доста од дијагностиката, за некои интервенции треба комплетната верзија која чини 50 евра. Секако, постојат и куп други програми. Поврзување на конекторот под волан, со даден контакт. Дијагностика на Airbag ECU. Инаку, сега е моментот да споменам дека обичните кабли кои се продаваат немаат можност за поврзување на овој компјутер бидејќи воздушните перничиња се нели, во некоја рака, експлозив :) башка, релативно пипав систем за безбедност. Доколку ова не ве паничи, одиме понатаму. По поврзувањето, гледам грешка 22 - Curtain airbag squib(passanger). Ова е најчестиот проблем, со сопатничките завеси. Обично проблемот е до конекторите кои се наоѓаат во ... багажникот :) Од двете страни на багажникот, веднаш кај штоп светлата, има пристапни џебови.

Пред да почнеме да си играме со овие конектори, откачете минус клемата на акумулатор, и убаво е да се почека 15-тина минути, да се испразнат сите кондензатори. Секако, можете да си играте и без овие предострожности, ама после раскажете како изгледа ако пукне аирбаг во работа :)))

Значи, по откачување на акумулаторот и паузата, го отвараме пристапниот џеб, на сопатничката страна(таа беше проблематична кај мене). Бараме кабел со жолта боја, и голем жолт конектор. Проверка на ова, откачување, чистење, контакт спреј, и пак назад обично го решава проблемот. Во екстремни случаи, преправка на конекторите или директно врзување, кај мене немаше потреба. Изолација, и фиксирање на конекторот со изолир е опција. Затварање се назад, поврзување на акумулаторот, поврзување на еку-то и чистење на грешките. Ако е се во ред, грешката ќе остане исчистена, и црвената сијаличка ќе остане изгасена по иницијалниот тест.

Друг конектор кој знае да биде проблематичен, се наоѓа под седиштата, за они модели кои имаат перничиња во нив. Принципот за средување е истиот, секако по дијагностика кој упатува на оваа страна. Веднап под нозете, исто дречлива жолта боја.

време за пиво :)
« Последно менување: 02 Јуни 2012, 20:09:23 pm kefi »

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4969
Одг: Alfa 147 - 156 airbag проблеми
« Одговори #1 на: 02 Јуни 2012, 20:10:16 pm »
Дали може име од програмчето од бугарскиот програмер?
Фала

Отсутен marsher

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3177
    • smchiptuning
Одг: Alfa 147/156 airbag проблеми
« Одговори #2 на: 02 Јуни 2012, 20:16:21 pm »
Не е бугарски, румунски е...жал ми е... ;D

Отсутен kefi

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 97
Одг: Alfa 147/156 airbag проблеми
« Одговори #3 на: 02 Јуни 2012, 20:21:50 pm »
Хмм? како што пишав, Fiat Ecu Scan. Добро програмче кои покрива фиат, ланча и алфа. Секако, постојат куп други програми, ова е она што јас го имам и користам.

@Bugar каква врска има од кај е програмот? Случајно дознав за програмерот, иначе програмчето е користено од многу луѓе, без многу жалби. Алфистиве углавном го користат него или AlfaDiag.

@marsher јас колку што знам, програмерот е некој Јани, и треба да е од бугарија, не дека е нешто битно. Ова случајно налетав по бугарските форуми за алфа, некој што го знае. Инаку, целата комуникација околу програмот е на англиски. Мислам постојат и јазични пакети, ама не ми затребале, не знам кои јазици се подржани освен англискиот.

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: Alfa 147/156 airbag проблеми
« Одговори #4 на: 02 Јуни 2012, 20:26:50 pm »
A be druze. Ne gi biva neli Bugarite.. Slabi se vo IT... So koli ne znaat da rabotat.

Go imam sretnato programceto no sepak vo ovlasten servis bi ti napravile se kako sto treba i ke si si miren.

Отсутен kefi

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 97
Одг: Alfa 147/156 airbag проблеми
« Одговори #5 на: 02 Јуни 2012, 20:40:15 pm »
Ma isto e. Otidete si ko gospoda vo servis i ke vi ja opraat kolata kako treba. Sami moze i pogolema belja da napraite.

Интересно мислење. Јас професионално работам со компјутери 15 год, непрофесионално 25 плус. Има некој механичар сервисер кој има поголем стаж во областа? Бидејќи, компјутерска дијагностика се сведува на комуникација на два компјутери, и читање на кодови. А инаку, ова е дел од форумот каде се разменуваат технички совети за оние кои сакаат да чепкаат, или се принудени :)

A be druze. Ne gi biva neli Bugarite.. Slabi se vo IT... So koli ne znaat da rabotat.

Go imam sretnato programceto no sepak vo ovlasten servis bi ti napravile se kako sto treba i ke si si miren.

Јас не сум рекол дека не ги бива бугарите, посебно не во ИТ. Секако, не мислам дека беа подобри од екс ју просторите, ниту сега се. Понатаму, имам обичај да ценам и мерам конкретни луѓе, и конкретни производи, не цели народи/нации :) башка муабет е што сметам дека нации се глупа и нова измислица, ама тоа е ептен оф топик. Пак со овластениот сервис ... Кој сака да оди во овластен сервис, ќе си ојде таму. Ова е дел за совети кои нас ни завршиле работа. Не можам да гарантирам ништо од ова што јас го зборувам, но се надевам некому ќе помогнат или уштедат време и пари.

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: Alfa 147/156 airbag проблеми
« Одговори #6 на: 02 Јуни 2012, 20:54:41 pm »
So AIRBAG i ABS ne bi preporacuval igranje i cepkanje. Sepak na toa se oslonuvas koga vozis.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43640
  • Il Moderatore
Одг: Alfa 147/156 airbag проблеми
« Одговори #7 на: 02 Јуни 2012, 21:12:28 pm »
@Кефи, одлично направена работа. Темава ќе ја префрлам во „Работилница“, кај што и` е место.

@Бугар, бајаги си оф топик, ќе те бришам еј!  :)

@Marsher, FES (FIAT ECU Scan) e приватно проектче на тој батката, и го развива веќе неколку години. Нормално, не се споредува со FIAT-овиот "Examiner" - оригиналниот сервисен компјутер, ама баткава стварно стокмил доста корисни работи со реверзно инжинерство од Examiner-от во неговиот софтвер.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен kefi

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 97
Одг: Alfa 147/156 airbag проблеми
« Одговори #8 на: 02 Јуни 2012, 21:14:32 pm »
Се слагам. Јас не препорачувам играње со воздушни перничиња и АБС. Напротив, се оградив дека секој чепка на сопствена одговорност.
Ако некој знае што прави, и е свесен за можните последици, може да ги најде горните совети за корисни, може не :)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43640
  • Il Moderatore
Одг: Alfa 147/156 airbag проблеми
« Одговори #9 на: 02 Јуни 2012, 21:19:00 pm »
@bugar, we've got the point. Да отидеме во овластен сервис. Твоите 6 пораки претходно се избришани зошто во сите го велиш истото. а и пробуваш да ја наведеш темата на друга воденица, така да тие постови отидоа во корпа.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7049
Одг: Alfa 147/156 airbag проблеми
« Одговори #10 на: 17 Ноември 2013, 15:54:01 pm »
Благодарност до креаторот на темата Кефи. Проблемот среден и кај мене.

Отсутен Kazaam

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 67
Одг: Alfa 147/156 airbag проблеми
« Одговори #11 на: 19 Ноември 2013, 11:47:47 am »
Го користам веќе некое време програмчево и е одлично. Секако, не може да се споредува со фабричкиот, меѓутоа ги има најголемиот дел од опциите што најчесто се користат.

Го имам целото програмче со сет кабли, па ако му треба на некој нека пише.