Не грешиш само површно гледаш на работата.
Една од главните цели кои мора да се постигнат при оформување на шарата и композицијата на гумата е да при нормално оптеретување (значи возење и крузање без оптеретување на гумите некаде од 40 до 100 км/ч) гумата и шарата треба да пружа што е можно понизок отпор на тркалање. Така и се дизајнираат гуми, да има low rolling resistance при неоптеретено возење но да има агресивно триење при оптеретување (кочење, забрзување, надолжна и странична торзија, брзини над 100км/ч каде има притисок поради downforce). Тоа е целата ствар. Сите класи на гуми и производители се водат по тој принцип. Затоа има и класи на гуми какви што има. Имаш нормални градски гуми, имаш туринг гуми, спортски гуми, офроуд гуми. Каде си видел ти класа на гуми Еко гуми? Тоа ЕКО гуми е маркетинг, пошто ЕКО денес се става на све живо, на сијалици, на бела техника, на горива на што уште не.
Заклучок, квалитетна гума има солидни перформанси низ целиот ранг на користење. Low rolling resistance кога е неоптеретена, high rolling resistance кога е оптеретена. За секоја фракција подобри перформанси под оптеретување веќе имаш специјална спортска гума за таа намена. Затоа претпоставувам се прашуваш зошто спортскине коли имаат смешни перформанси во градско возење, се извртуваат и се кршат ламборџинија при 50 км/ч. Затоа што така се дизајнирани. Направен е компромис, дадено е предност на перформанси под оптеретување, тоест на стаза. Па спрема тоа никој никогаш не рекол еј види го Поршено како се плесна, му ставиле ЕКО гуми.