Имам еден голем/мал?! проблем... колата веќе ја имам 1 година, пред неколку дена купив нови гуми и наидов на проблем. Сигурно гумите пошто биле излижани и не правиле проблем, но сега пошто се нови, гумата малце допира и се лиже пластиката/гумата кога се врте воланот за 1круг. Бандашите се ЕТ20 и не се препорачани за БМВ 3 Е90, за овој модел како што можев да прочитам по интернет ЕТ31-ЕТ35 пасуваат(најдобро ЕТ34). Значи не е да речам превише, само малце допира кога вртам налево, левото тркало закача малку исто кога вртам 1круг надесно десното тркало. Се слуша скроз малце само кога возам полека на кривина. Сега да прашам, дали тоа преставува опасност на подолг пат? Јас сакав да купам 2исти бандаши имаше ЕТ34 нови, ама сега се распродадени. Чаре?