Зошто новите или помалку истрошените гуми се ставаат позади?
Без разлика дали вашето возило има преден или заден погон, Pneumatik ви препорачува поновите гуми да ги ставите за задни, со цел да се постигне поголема безбедност во непредвидливи и тешки ситуации (ненадејно кочење,опасни кривини, итн.), особено на влажни патишта.
Бројни тестови покажале дека полесно е да се контролираат предните тркала отколку задните.
Предните гуми во основа побргу се трошат особено кај автомобилите со преден погон кои се најбројни во моментов.
Извор
Ова го имаат од нас тука украдено. Не се доволно интелигентни сами да им текне. Ова го немаа објавено додека ние не го издебатиравме тука. What a grandma muffs

Али погрешно сфатиле:
Кога новите пневматици се ставени позади:
– Справувањето со возилото ќе биде исто како и претходно затоа што влечењето ќе биде исто.
– Задното насочување ќе биде подобро и возачот без проблем ќе го контролира возилото во саканата насока.
1. Справувањето со возилото нема да биде исто затоа што влечењето не е исто. Новите гуми ќе одат назад и хендлингот позади ќе биде подобар. Старите гуми ќе бидат напред и ќе бидат помалку изедени одошто биле старите предни па хендлингот ќе биде подобар, значи нема да биде исто.
2. Задното насочување ќе биде подобро, но возачот ќе има одредени проблеми да го контролира возилото во саканата насока затоа што напред има стари и полуистрошени гуми, па затоа не е точно дека ќе нема проблем. Ќе има проблем, но ќе биде подобро одошто позади да има стари гуми кои моментумот на задниот дел нема да можат да го исконтролираат па ќе го предадат на предниот дел каде новите гуми нема да успеат да го издржат оптеретувањето и возачот сосем ќе загуби контрола.
Можеле да се потрудат тоа прво да го сфатат па да го објаснат онака како треба наместо да го избљуваат така безвезе на сајт. Сепак, со гуми работат мајку му, треба да бидат стручни во таа област.