По изминати 600+ км со Hankook Ventus Prime 2 195/50 R16 можам да кажам само пофални зборови.
Имаат одличен grip, нема потреба од загревање или чекање да постигнат температура. Во брзи свиоци држат како да се движиш по шина. На автопат при остри маневри (избегнување препрека) има директен пренос на команди од волан на пат, значи нема цимање или доцнење. Скопје - Велес возев на обилен дожд по брзини речиси до пропишани по знаци (некаде над некаде под пропишано) и буквално гумата лепи за асфалт, малку ми смета што фрла многу вода на страна, верјотанто заради дизајнот на шарата за да ја одведе водата надвор од пневматикот. Понекогаш знаат да фрлат накое камче надвор од поткрилото и да слушнеш тропкање по каросерија.
Не се многу бучни, но не се и најтивките гуми што сум ги возел. Далеку потивки од зимските што ги возев претходно. Од Скопје до Кичево ќерка ми спиеше како топ во кола, така да пројдоа на тестот за бучавост
При кочење немав проблем, односно не дојдов во ситуација да се активира АВS за овие 600км.
При нагло тргнување, знаат да провртат ако подлогата е малку нечиста (ситен песок или земја) што е и очекувано за секој пневматик на таква подлога и не е нешто битно за да го земам како забелешка.
Ги извозев низ Скопје речиси една недела, бев до Охрид, Гевгелија и по пат ме фати и саглам дожд, кратко кажано сите временси услови ми легнаа на пат.
Јас сум задоволен од досегашното искуство, штом има некој нов момент ќе споделам.