Сале, бандажите нити се проблем (од било кој аспект и спецификација), нити тема на муабетот.
Благодарам на тие што се потрудија да ми одговорат на прашањето во врска со изборот на гуми.
А бе сите се потрудија на овој или оној начин да ти одговорат.
Што е поентата на муабетот.
Да почнам од почеток.
По упатството за лансер кој го има на овој линк:
http://www.mitsubishi-cat.com/docs/lancer.pdfна страна 7 е препорачана гума со димензија 215/50R17 која што оди на бандаш под шифра MME31778 кој по спецификација е со димензии 17", 7j, 5x114.3, ET46, d67.1, односно фабрички деклариран бандаш за кој можеш да ги видиш и на овој сајт претходните параметри и мерки за него:
http://www.zzap.ru/d,MME31778,MITSUBISHI,%D0%91%D0%95%D0%97-%D0%9D%D0%90%D0%97%D0%92%D0%90%D0%9D%D0%98%D0%AFСпоред калкулаторите на интернет, еве еден многу корисен, каде што можеш да го видиш скоро секој параметар како изгледа со промената, можеш да ги впишеш параметрите, односно 205/50 R17, ET46, width 7", и 225/45 R17, ET46, width 7".
Сајтот:
http://www.willtheyfit.com/index.php?width=225&aspect=45&diameter=17&wheelwidth=7&offset=46&width2=215&aspect2=50&diameter2=17&wheelwidth2=7&offset2=46#contentСо волку мало одстапување јас гарантирам и тврдам дека никад нема гумата нити да закачи ниту да направи проблем.
Точно е единствено дека брзинометарот ке ти покажува 0,58 миљи на час помалку, односно нешто помалку од 1 км/ч, поточно 0,94.
Дали ке ја забележиш оваа разлика во брзината???
А разликата во цена од 215/50 до 225/45???
Тоа е поентата на муабетот.
Благодарам за вниманието и сите оние кои сакаат да им се помогне при избор на гуми за соодветно одбран бандаш.
И на сите оние кои не сакаат

edit:
Постот одпосле го гледам...
@DENDE-LANCERED
Разликата од 215/50/17 и 225/45/17 е незабележителна.
Ако малку работиме со математика, истото ке го увидиме без никаков проблем, а истото можете да го видите на погорниот сајт, односно калкулаторот кој го поставив, како нешто најпросто за кое не ти треба ни собирање ни одземање да знаеш за да го увидиш тоа што го зборам.
Разликата е 6,25 милиметри во висина односно од бандаш до гумата на асфалтот.
И сега ти тие 6 милиметра ке ми речеш дека не личат на око? Односно не личат на 17-ка? И дека ке ги приметиш визуелно?
Дај боже.

Да, како што реков, ке ги приметам, ама во ЕВРА...