Автор Тема: Гуми - Општо  (Прочитано 2266024 пати)

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7477
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #5280 на: 21 Мај 2015, 10:57:42 am »
Треба фабриката да напомене дека гумата треба да се загрее за добри перформанси.


Отсутен brm brm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2654
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #5281 на: 21 Мај 2015, 10:59:43 am »
ај да се убацам у муабет ако може,
на колата и ставив Kleber зимски гуми, (лани, септември месец беше мислам) стабилна гума, не дава лизгање ич, ама малко е бучна. посебно сега кога се затопли времето, со малко поголема брзина да флезеш у кривина, се слуша цикање мислаш дрифтам, а уствари ништо не се дешава, не пролизгува... е сега, знам дека не треба со зимски гуми летно време. амаа, од финансиски причини...  може ли да остане нешто читаво од кумата до зимата, оти не ја возаме ного колата, или ке стане парампарче? :D

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #5282 на: 21 Мај 2015, 11:32:20 am »
Па за едно лето не би требало толку да се уништи ако не поминуваш голема километража и не ја цепаш многу по кривини на температуриве кои и сега се преголеми за зимска гума, а камоли во јуни-јули. Јас на твое место би побарал некои половни летни, колку да не ги уништувам зимските.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55240
  • Махер
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #5283 на: 21 Мај 2015, 11:43:52 am »
Парампарче ќе стане.

Отсутен brm brm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2654
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #5284 на: 21 Мај 2015, 11:48:32 am »
Па за едно лето не би требало толку да се уништи ако не поминуваш голема километража и не ја цепаш многу по кривини на температуриве кои и сега се преголеми за зимска гума, а камоли во јуни-јули. Јас на твое место би побарал некои половни летни, колку да не ги уништувам зимските.

фала за одговорот и за советот... добра ти е идеата. ке направам некои напори летово да земам и летни... макар на половно. оти тие ако ги излижам летово после ќе немам никакви.

Отсутен brm brm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2654
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #5285 на: 21 Мај 2015, 11:53:37 am »
Парампарче ќе стане.
:( :(
ај, после ко у Ф1 од тие мазните гуми ќе имам без никакви шари :P

Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7212
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #5286 на: 21 Мај 2015, 12:40:29 pm »
Можиш да смениш само предни да си го намалиш трошокот, посекако задните не се напрегаат многу само се влечкаат (мислам тркалаат).
Освен под рачна ако паркираш, што знам.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34463
  • Таков е животот... јебига
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #5287 на: 21 Мај 2015, 12:50:41 pm »
Задните гуми бајаги терет држат во кривини. Башка летно време зимски гуми позади може сериозно да допринесат за oversteer кој не сакаш да ти се случи, особено не на магистрален пат. Нема играње со тие работи сме разговарале веќе.

Многу е погрешно гуми со помал grip да се ставаат позади затоа што не можат да ја следат динамиката што им ја налагаат предните гуми (ако се солидни и добри). Ризикуваш оверстир, намалена ефикасност на кочење, ризик од прегревање и пукање ако се вози на подолги патеки ипобрзо, особено ако колата е убаво товарена.

Отсутен brm brm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2654
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #5288 на: 21 Мај 2015, 12:59:57 pm »
е сега ме исплаши хаха. а обично кога патувам подалеко секојпат сум товарен и со повеке луѓе. :/ така да, пари пари ама безбедноста пред се.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34463
  • Таков е животот... јебига
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #5289 на: 21 Мај 2015, 13:16:45 pm »
Окулу прегревањето и пукањето на гумата јас не су слушнал во пракса дека се случило некому, но на интернет велат дека е ризик со добри шанси да се случи.

Отсутен alekohrid

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 90
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #5290 на: 21 Мај 2015, 13:30:17 pm »
ај да се убацам у муабет ако може,
на колата и ставив Kleber зимски гуми, (лани, септември месец беше мислам) стабилна гума, не дава лизгање ич, ама малко е бучна. посебно сега кога се затопли времето, со малко поголема брзина да флезеш у кривина, се слуша цикање мислаш дрифтам, а уствари ништо не се дешава, не пролизгува... е сега, знам дека не треба со зимски гуми летно време. амаа, од финансиски причини...  може ли да остане нешто читаво од кумата до зимата, оти не ја возаме ного колата, или ке стане парампарче? :D
нема да ги оштетиш со нормално возење, но побрзо ке се трошат, полошо ке кочат, е сеа и со летни на потопло ако влезеш со поголема брзина накривина ке цвичи не се тие бесчујни, мој совет или менувај сите (макар половни да се исти) или ниедна

Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7212
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #5291 на: 21 Мај 2015, 13:32:07 pm »
Вистина, така е Џонтра за гумите, поарно е назад летни да стави, ама напред појќе ќе му се трошат зимските, па ко ќе видиш имал немал пари народот мора да има и летни и зимски.

А според форумов ако ја додадеме дискусијата за премиум и буџет гумите, господинот brm brm со Клебер гуми секоја чест зимата што ја преживеа. :)

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7118
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #5292 на: 21 Мај 2015, 13:35:19 pm »
Болидон кај мене со трајал преживуваше 4-5 зими наназад. ;D

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5850
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #5293 на: 21 Мај 2015, 13:36:10 pm »
Другарче продава Michelin Pilot Exalto 195/50/15. 2010 се гумите меѓутоа се многу малку возени. Ги видов во одлична состојба се.

Ако е некој заинтересиран нека ме контактира по пп.
« Последно менување: 21 Мај 2015, 14:04:12 pm Allexxander »

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #5294 на: 21 Мај 2015, 14:05:42 pm »
задните не се напрегаат многу само се влечкаат (мислам тркалаат).

Токму затоа е исклучително важно задните да имаат што подобар грип: тие и онака се помалку притиснати со тежина одозгора, па уште ако се и лоши - си ја бараш бељата во првата побрза кривина во која богот рандом ќе посака ненадејно да закочиш, како што веќе сугерираше Мици. Ако веќе апсолутно нема избор, гумите со подобар грип треба да одат позади, иако - се разбира - најдобро е ако сите 4 гуми се во иста и добра состојба.

Ова е типичен пример во кој интуицијата дрско лаже кога ни вели дека гумите со подобар грип треба да бидат напред.