Не ми е јасно следново, ќе молам некој што разбира повеќе - да појасни:
Го читам упатството од колата (за тие што незнаат - се работи за Опел Астра Класик 2, 1.4 Екотек Твинпорт, Z14XEP мотор, 2008-ма), а таму пишува дека единствени димензии на гуми препорачани од производителот се 195/60-R15 (сега ги носи, фабричките) и 185/65-R15.
Зошто кој курац не би можел да ставам 195/65-R15, како стандардна димензија на гума, кога и во двата случаи може да се стави и 195-ка, и 65-ка? Зошто не се препорачани и овие димензии на гуми, кога димензиите се препорачани - само не заедно?
Причината - кога би менувал гуми, ако го следам упатството, треба да жртвувам квалитетен бренд на гума (Мишелин, Континентал, Данлоп, Ханкок), за сметка на нестандардни димензии (би купил Семперит, Сава, Дебика, Фулда). Мерило - разбира се, е цената.
195/65-R15 се наоѓаат со попусти, сите четири за 13-14.000 денари, извикани и поквалитетни брендови. Останатите нестандардни димензии, препорачани за мојата кола, се наоѓаат за приближно истата цена (некои 500-700 денари пониска), но брендовите кои ги напоменав - Семперит, Сава, Дебика, Фулда и сл.
Препорачаните димензии + квалитетен бренд = на цена од 6.000 денари за гума, па нагоре. Цена, што во моментов, а и во блиска иднина, ми е превисока.
Логично објаснување..?