Мишелин Примаси 4 и Приамси 4+. Меѓу најфалените за тишина и удобност, и не дека не се. Стварно гумата е ретко добра и тивка и удобна и се. Но мислам дека не е доволно тивка, можело да е каде-каде потивка. Во споредба со Ханкук Кинерџи Еко 1 од на времето што беа врвот од гума за тишина, овие се погласни. Исто така споредени со Hankook iCept evo 2 - ханкукот се пак потивки. Од друга страна Мишелин енерџисејвер се слични со примасито - не знам дали има реална разлика. Споредено со Ханкук Туранца тие пак се погласни од Мишелинот. Континентал ТС800 беа слични со мишалинот во тишина, и ТС870 се исто релативно океј. Мислам дека треба да се бара нешто од Ханкук, Нокиан евентуално, можда Вредштајн. Има доста солидни, ама да се пази каде се направени, да се пази да не се XL, да се пази датум на производство... еден тон пазења, и пак едни Kinergy партал праат се ова.