Денес пазарени нов зимски сет Сава Ескимо С3+
Некој да има искуство со оваа гума?
Димензија 185-60-15
Форумов сеуште не беше роден кога возев Ескимо С3, потоа извадија С3+ и сеуште возам Ескимо.
Немам потреба да пробувам други кога солидно си ја вршат работата за намената
На снег никогаш не ме изневериле, се имам искачувано на јака угорница до дома, истото важи и за спуштање.
Низ град на снежни улици без никаков проблем, сум можел да возам во секое време побрзо од останатите учесници, но сепак safety first

На суво се исто така ок, јас не знам како возат тие што им лизгаат, но истите се фалат како возат 60 во шеста брзина

На мокро имаат да речеме слабост со пролизгување, но во принцип секој треба да вози повнимателно во такви услови па макар возел и гасеници наместо гуми.
Најбитно е да се научиш да ја чувствуваш колата и нејзините можности во склад со условите на патот и сигнализацијата.
Фраерите звршуваат или во ендек или под автобус.