Inter, убаво ти пиша Deni.
Гуми може да ти ја сменат целосно перцепцијата на колата. Јас заменив премиум со буџет и веднаш се покајав. Колата стана многу по бучна на автопат, поминувањето низ дупки и лежечи повеке се осека во кабина, се качи потрошувачката на гориво и најмногу од се, колата ми пролизга на неколку места на кој поминував предходно без проблем, поради што морав да сменам стил на возење и да бидам многу попретпазлив.
Ги споредува GoodYear и BF бидејки разликата помеѓу средна и премиум класа е релативно мала.
Ако приметиш, премиум гумите се релативно конзистентни на тестови во сите категории, а средна клата имаат одредена цел, на пример да се екстремно тивки по цена на некоја друга категорија, да се добри на суво но послаби на влажно кочење итн.
Пред некоја страна имаше добар пост за премиум брендовите од некој член, викаше нешто како Мишелин се фокусират на удобност и долготрајност, Континентал на управување, Пирели на спортски перформанси итн...