Само што видов дена гумите биле од Outlet производство 2015-2017, па логична е разликата во цена.
Иначе по приоритет ми се безбедност, удобност и ниска бучава (иако не знам колку разлика прават тие 2-3dB)
Кога пишав кој ги работи мислев кој ги увезува. Се јавив Stop&Go и цената за Ventus Prime 3 е 2.695 ден по гума за 185/60/15 88H. Неверојатна цена во однос на тестовите и во овој момент ми се фаворити. Не очекувам гумите да се старо производство, пред 2020.
Бидеќи се рангирани за малку поголемо оптоварување мислам дека можеби малку ќе се изгуби на комфор но очекувам да видам значителна разлика во однос на Dunlop SP 01 кои сега ги имам, и кои го отслужија своето.