Што мислите која е подобра гума од ист модел со различен брзински индекс. Како влијае поголемиот брзински индекс врз секојдневната употреба. Која е разликата во составот или изработката на гумата со повисок брзински индекс. Вака лаички од око имам приметено колку е поголем брзинскиот индекс толку гумата е поквалитетна и не се деформира, страничните ѕидови изгледаат свежо и после 30 000 км ...
На интернет ти е достапна информацијата дека гумите со повисок брзински индекс страдаат од неколку работи, односно направен е компромис, за да издржи поголеми брзини мора да жртвува нешто ( освен цената секако).
Гумите со повисок брзински индекс треба да:
1. бидат способни да се ослободуваат од вишокот топлина, за тоа се користи покрута гума која е базирана повеќе на минерална база отколку на биолошка.
2. мора да издржи повеќе циклуси ширење-компресија (поради поголемите центрифугални сили на високи брзини а и зголемениот downforce на колата).
3. за да издржи повеќе циклуси ширење-компресија (пошто на поголеми брзини и downforce на возилото е поголем, да не споменувам торзиони сили при вртење) треба да има повеќе слоеви кевлар, страничен и базен кевлар.
4. повеќе циклуси ширење-компресија создава повеќе електрицитет кој мора да биде заземјен па подразбира вградување на специјална надолжна компонента базирана на графит која ќе го спроведува електрицитетот.
5. треба долго да трае, зависно од тоа дали е sport изведба или touring изведба.
Сите овие фактори се компромис кои жртвуваат најмногу една важна особина а тоа е удобност, отпорност на механички повреди и долговечност.
За да може гумата со поголем брзински индекс да ги задоволи погорните 5 барања мора да се откаже во поголема или помара мерка од удобноста и мекоста во возењето.
Затоа, ако се мислиш меѓу гума со брзински индекс 190км/ч и 225км/ч а си свесен дека нема да возиш 225 никогаш, тогаш купувањето на таква гума нема особена смисла освен ако не планираш да ја малтретираш макар и на пониски брзини. Ако не постоеше компромис, тогаш сите гуми ќе беа со индекс рецимо 225 или 250 и тоа ќе беше тоа.