А друже ти 70-80 на партизанска или илинденска го сметаш за опасно?
Освен ако не е 5 сабајле, летно топло утро, суво, кога нема жив човек и улиците се празни... тогаш
ДА, го сметам за опасно. Ама да сум џандар и да те фатам пак ќе те казнам - и тоа со ќеф - за да ти дојде памет. Знакот не вика ни 70 ни 80. Вика 50.
НИШТО не се добива со побрзо возење, освен занемарлива заштеда во време од неколку минути, а по цена на НЕзанемарливо зголемување на ризиците. Вкупната проточност на сообраќајот НЕ ЗАВИСИ од максималната моментална брзина која ќе ја постигне секое поединечно возило. Доколку сите возат строго според правила и пополека, вкупната проточност се зголемува, а не се намалува.
Токму таа „шареност“ од возачки стилови и табиети (некој лета ко без глава, некој вози плашливо и неодлучно, на трет не му работи десниот фар, четврт вози со две нови зимски напред и две излижани летни позади....) е она што го УСПОРУВА вкупниот сообраќај. Треба да возат сите што по исто може - според правила!