Дечки ве молам препорачајте ми убава и тивка летна гума за димензија 205 / 55 / 16, гумата ќе се вози воглавно во град со едно или две патувања надвор во годината.
Друже јас сум во слична ситуација. Низ изминатиов месец разгледував гуми за Јарисот во изгледа несекојдневна димензија од 185/60/18. Слично како и во сценариото кај тебе се вози 95-99% градска рута.
Мое мислење и мој предлог е да ги гледаш само резултатите од кочењето. Секако во град тешко дека ќе возиш над 60-70км на час, а до оваа брзини не би требало да имаш проблеми со стабилност и сл.
И мислам дека all-season гума е најпаметен избор. Најверојатно не поминуваш голем број на километри па поверојатно е летна или зимска гумата побрзо ќе застари и испука пред да ја искористиш.
Јас го разгледав тестот на TyreReview
https://www.youtube.com/watch?v=gHph1mDtCbQ и излегува дека нема големи разлики помеѓу референтната летна (Goodyear UltraGrip Performance+) и референтната зимска гума (Goodyear EfficientGrip Performance 2) и all-season гумите. Јас според некои други тестови очекував дека разликата ќе биде најмалку 30% а во одредени тестови all-season гумите се излегоа дури и подобри.
Иначе Hankook излезе најбалансирана по овие критериуми. Едини проблем е што е ја нема во Македонија иако од дечкиве што работат со нив слушнав дека можела да се порача, испораката би била средината на април со цена од над 5,500ден по гума за комплет од 4 гуми. За Hankook очекував цена од максимум 4,500 по гума.
Bridgestone излегува втор. Е сега од оваа гума има понова верзија EVO. Во Европа Гуми ја имаат поновата верзија и цената е 5,000 по гума за сет од 4.
GoodYear се трети, цената е 5,200 по гума за сет од 4.
Гума Кочење на снег во метри Кочење на влажно во метри 80km/h - 0km/h Кочење на суво во метри 100km/h - 0km/h Вкупно во метри
Hankook Kinergy 4S2 24,73 36,80 37,90 99,43
Bridgestone Weather Control A005 25,75 36,50 37,60 99,85
Goodyear Vector 4Seasons Gen 3 23,87 36,90 39,20 99,97
Michelin CrossClimate+ 25,15 38,80 36,20 100,15
Continental AllSeasonContact 23,84 38,30 39,10 101,24
Winter - Goodyear UltraGrip Performance+ 23,22 38,00 41,10 102,32
Vredestein Quatrac Pro 26,64 38,60 40,00 105,24
Summer - Goodyear EfficientGrip Performance 2 40,94 37,70 35,00 113,64