Полен филтер не се менува во редовен сервис кај некои производители. Така да.......... не и го сменале. Требало да си доплати.
Во случај да си платила и да не и го смениле, е тоа е веќе проблем.
Полен филтер е во редовен сервис кај сите возила но не на секој, туку на секој втор со број на километри 20к или 30к, односно во зависност од производителот. Само што кога вршат прием на возилата во сервис, според километражата и бројот на сервиси тие што прават профактура треба да ти нагласат што све ке треба да се замени на возилото и колку ке чини.
Многу луѓе се во заблуда како тебе што мислат дека редовен сервис на возило подразбира замена на филтер за масло, масло, и филтер за воздух.
По твојата логика, ако јас после година дена одам на редовен сервис, со 5 поминати километри, ке ми менуваат и филтер за воздух? Нема потреба, не сум поминал километри никаде. Но маслото и филтерот ке го заменат, пошто интервалот на менување на масло зависи од времето, т.е 1г ИЛИ бројот на изминати километри, најчесто 10к/15к во зависност од возилото и типот на маслото.
Во редовно сервисирање спаѓаат и промена на каиши, свеќици, итн итн но се разбира во одреден сервисен интервал, запишан во сеервисната книшка.
Не е лошо малку да се прочитаат упатствата