Автор Тема: Познати дубари по сервисите и како да се чуваме од нив  (Прочитано 47223 пати)

Отсутен darko mk5

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3601
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,7477.0.html
mene za poliranje mi pobaraa 100 evra! pa za taa cena da ne naneusva nov lak lebati???? kao crna bila, teska bila... made moe...

______________________________________
Code: MK1 Project: http://forum.carclub.mk/index.php/topic,10578.0.html

Отсутен lans

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1297
skoda servis,dve razlicni iskustva
zenava pred da se zapoznaeme,odnela fabiata na redoven servis.
`smeneti filtri` vika iskacam,mirisa na muvla.nosenje dedoto kaj negov poznat,go izvadile filterot za vozduh,stariot.
jas koga proveruvav koli za kupuvanje,oni samite mi rekoa da vlezam da gledam sto rabotat.
daciata,eden servis mi ostavija zamenetite delovi,sledniot del ne mi ostavija nisto.
ama toa fintata so UV flomaster e dobra.
VW Passat 2.0TDI 2015
Skoda Fabia 1.2TSI 110PS DSG7 2016
Honda SH150i  2020

Отсутен ARMEX

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3616
Одг:
« Одговори #167 на: 28 Април 2015, 07:45:43 am »
Кoј шкoдa сервис? Мувлa мoже дa мирисa oд филтерoт зa климa, немa врскa сo филтер зa вoздух.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11735
  • Архитект
Одг: Познати дубари по сервисите и како да с&
« Одговори #168 на: 28 Април 2015, 08:19:15 am »
Полен филтер не се менува во редовен сервис кај некои производители. Така да.......... не и го сменале. Требало да си доплати.
Во случај да си платила и да не и го смениле, е тоа е веќе проблем.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6111
  • 69
Полен филтер не се менува во редовен сервис кај некои производители. Така да.......... не и го сменале. Требало да си доплати.
Во случај да си платила и да не и го смениле, е тоа е веќе проблем.

Полен филтер е во редовен сервис кај сите возила но не на секој, туку на секој втор со број на километри 20к или 30к, односно во зависност од производителот. Само што кога вршат прием на возилата во сервис, според километражата и бројот на сервиси тие што прават профактура треба да ти нагласат што све ке треба да се замени на возилото и колку ке чини.
Многу луѓе се во заблуда како тебе што мислат дека редовен сервис на возило подразбира замена на филтер за масло, масло, и филтер за воздух.
По твојата логика, ако јас после година дена одам на редовен сервис, со 5 поминати километри, ке ми менуваат и филтер за воздух? Нема потреба, не сум поминал километри никаде. Но маслото и филтерот ке го заменат, пошто интервалот на менување на масло зависи од времето, т.е 1г ИЛИ бројот на изминати километри, најчесто 10к/15к во зависност од возилото и типот на маслото.
Во редовно сервисирање спаѓаат и промена на каиши, свеќици, итн итн но се разбира во одреден сервисен интервал, запишан во сеервисната книшка.
Не е лошо малку да се прочитаат упатствата ;)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6447
Одг:
« Одговори #170 на: 28 Април 2015, 08:54:01 am »
Ја не ја разбирам потребата од менување каиши во официјални сервиси на дупло помала километража од онаа пропишаната. Демек во Македонија воздухот штети на каишите? :D Разбирам ако пишува 120.000 или 5 години да се смени на 100.000 ама на 80.000 или 60.000 не фала, тоа се фрлање многу пари.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11735
  • Архитект
@ SaleSK
Зошто мислиш дека сум во заблуда за редовен сервис?
Зошто воопшто ме цитираш мене.

Што сум јас крив што така работат нашите сервиси.
Јас лично секоја година си ги менувам сите филтри на колата и се што треба според упатство. Нема сигурно да слушам некој мајстор.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6111
  • 69
Полен филтер не се менува во редовен сервис кај некои производители.

Заради ова те цитирав.
Полен филтер, односно филтер за кабина се менува во редовен сервис и тоа на изминати ХХХХХ километри според листата за редовни сервиси пропишана од производителот.

Затоа те цитирав. Не за нешто друго.

Е сега викаш секоја година ги менуваш филтрите.
Еве ти пример. Сега менуваш комплет се, односно сите филтри (кабина, гориво, воздух, масло) менуваш масло. Ја возиш колата 30 километри. Ти излегува работа каде што мораш да ја напуштиш државава на една година. (ФИГУРАТИВНО).
После една година се враќаш дома. Имаш кола со поминати 30 км, и пак интервал за редовен сервис?
Што ке замениш?

Масло?
Масло и филтер за масло?
Масло и сите филтри?
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен darkomic

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 382
Пред 6 месеци ја купив мојата прва и едниствена, за сега :) , кола. Зедов Шевролет Авео 1.2 од 2006 со поминати 98000км. Колата ја зедов од Олимпија моторс. Ми рекоа дека е направен основен сервис: масло, филтер за масло и за воздух. Исто така дека е сменет клинастиот каиш. Ребрастиот каиш бил сменет на 60000км и ми препорачаја да си го сменам. Прашав во еден сервис блиску до мене и мајсторот ми рече дека за 2500 денари ќе ми го смени со негови делови - каиш и затегач. Се согласив затоа што во Олимпија кошташе 100 еур, башка сервисот не му беше лош, дечкото си има дигалка и останата опрема. Ја крена колата на дигалка, ја провери целосно и ми закажа термин кога да му ја донесам колата за да го смени каишот. Ми го смени каишот и затегачот и ми ги даде старите делови. Јас презадоволен си платив и си заминав дома. По некој ден ја кренав хаубата да проверам ниво на масло, антифриз и сл. и гледам една жичка се мафта кај шипката за масло. На жичката имаше конекторче и по должината на жицата и формата на конекторот одговараше на еден приклучок на компресорот од климата. Конекторот беше малку лабав па за да има контакт го стегнав со клешта. По 2 месеци отидов да монтирам плин. Мајсторот при прегледот на моторот пред монтажата на плинот утврди дека ми е откачено едно црево за воздух што оди кон моторот. Испадна дека тоа црево се приклучува на ИАТ сензорот (Intake air temperature). Во моторот влегувал фалш воздух кој го лажел компјутерот и овој дозирал повеќе гориво од потребното. После сето ова повеќе никогаш нема да стапнам во сервисот каде што го сменив ребрастиот.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Па кажи кој е тој сервис, поентата е да знаеме каде да не одиме, односно да припазиме ако одиме на сервис.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11735
  • Архитект
Одг: Познати дубари по сервисите и како да с&
« Одговори #175 на: 28 Април 2015, 10:46:51 am »
Полен филтер не се менува во редовен сервис кај некои производители.

Заради ова те цитирав.
Полен филтер, односно филтер за кабина се менува во редовен сервис и тоа на изминати ХХХХХ километри според листата за редовни сервиси пропишана од производителот.

Затоа те цитирав. Не за нешто друго.

Е сега викаш секоја година ги менуваш филтрите.
Еве ти пример. Сега менуваш комплет се, односно сите филтри (кабина, гориво, воздух, масло) менуваш масло. Ја возиш колата 30 километри. Ти излегува работа каде што мораш да ја напуштиш државава на една година. (ФИГУРАТИВНО).
После една година се враќаш дома. Имаш кола со поминати 30 км, и пак интервал за редовен сервис?
Што ке замениш?

Масло?
Масло и филтер за масло?
Масло и сите филтри?

Убаво ти напишав и јас ... кај некои производители. Повеќе мислев на фирмите што продаваат кај нас.
Пр. На митсубишито не ми менуваа полен филтер 2 години, на мое инсистирање го сменаа.

Како така да одам 1 год надвор од државата. Не можам да бидам надвор од државата повеќе од 3 месеци.

Не е толку битно тоа, кога ќе се вратам после 1 година ќе си ја возам колата редовно и без нов сервис, затоа што интервалот ми е на 2 години или 30 000км.
;D

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6111
  • 69
Нели масло се менува секоја година? Или ете во твојот случај 15к километри?
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7050
Некои масла се менуваат и до 24 месеци, зависи од маслото и како се вози колата. Што се однесува до филтрите, јас би се држел до прирачникот и нема што тука јас да мудрувам. А тоа што ми зборат во нашите сервиси, како ми влегува така си излегува.

п.с. фабричките филтри се најквалитетни, така да не брзајте премногу со нивна промена :) Нека си истераат барем 30 к

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
За полен, воздух или уље 30к да тераат!?

Има луѓе возат со вентилација на 0. Јака им душа. Јас си возам со вентилација секогаш на кец. Никогаш во животов јас лично немам ставено вентилација на 0. Само по потреба ако смрди нешто надвор може да става на внатрешно вртење на воздухот, ама пак на 1. Тоа јас го сметам за минимум дозволено ниво.

Е сега кај првиот случај кај што не палат вентилација луѓето, ќе си сменат рецимо на 30к филтер за клима. Ама јас на пример кој сакам вентиалација постојано, ќе си променам на 10-15к.

Филтерот за клима е благодет кој прави колата да не смрди на прашина, и да не се бута прашина и да ти се дува истата во фаца кога сакаш клима. Свака част на тој што го стави. 1000-1400 денари за карбонски на секои 10-30к е културно за тој бенефит да го имаш.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7050
Одг: Познати дубари по сервисите и како да с&
« Одговори #179 на: 28 Април 2015, 11:22:34 am »
Полен, нафта и воздух.

Уље, нормално со секоја промена.

Пример, ако менуваш уље на 15.000 км, на вториот сервис ги менуваш и другите. Тоа е мое мислење. Погрешно е некој да мисли дека и направил корист на колата менувајќи филтри (сите) на 15 к а ставил заменски некои што ни во Шутка не моеш да ги најдеш :)

Ова за фабричките. После тоа, нормално на макс 20 к.