Автор Тема: Пререгистрација на возило  (Прочитано 7349 пати)

Отсутен sir-x

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 2
Пререгистрација на возило
« на: 14 Мај 2012, 00:51:44 am »
Здраво,

не успеав да најдам нешто слично на форумот па да прашам Ч-)
Купив половно возило пред некој ден, на возилото му е обновена регистрацијата пред недела дена а и е од друг град во МК.
прашањето ми е дали мора тоа возило го пререгистрирам со нови таблици бидејки е од друг град, поточо повторно да плаќам за регистрација или пак можам да го возам година дена со тие таблички, додека да истече таа регистрација.
малце ми е нејасна процедурата, ако знаете некој совет би бил благодарен.
мене најлесно а и најевтино ми е возилото да го возам така ама не знам правно како ке се регулира тоа.

Благодарам,

Поздрав,

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Пререгистрација на возило
« Одговори #1 на: 14 Мај 2012, 01:03:05 am »
Осигурувањето ќе ти важи за една година, ама мора нови таблици и нова сообраќајна на твое име ;)
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17441
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Пререгистрација на возило
« Одговори #2 на: 14 Мај 2012, 01:44:24 am »
По мое, доколку имаш купопродажен договор, можеш да го возиш до истекот на сегашната регистрација. Во случај на полициска контрола, со сообраќајната ќе го приложиш и договорот заверен на нотар.

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43640
  • Il Moderatore
Одг: Пререгистрација на возило
« Одговори #3 на: 14 Мај 2012, 07:40:00 am »
Тоа е по твое. А по закон, ако сакаш да возиш возило регистрирано на туѓо име, мора да имаш полномошно.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен stig

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 933
Одг: Пререгистрација на возило
« Одговори #4 на: 14 Мај 2012, 08:01:56 am »
Сега треба да одиш во тој град од кај што си го купил возилото таму да ги одјавиш таблиците, потоа одиш во некој технички преглед во твојот град за да ти издадат сообраќајна и таблици на твое име тоа ќе те кошта околу 1500 денари, толку беше за старите таблици освен ако не ги поскапеле новиве. Со другите таблици не смееш да ја возиш колата мислам дека имаш 7 или 10 дена за да ги смениш.

Отсутен zvonkog

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1067
Одг: Пререгистрација на возило
« Одговори #5 на: 14 Мај 2012, 10:02:53 am »
+1

само мало појаснување, технички не издава таблици туку МВР при техничкиот, друго не треба ти да одиш во другиот град, одјавата мора да ја изврши лично претходниот сопственик и одјавата од другиот град мора електронски да помине низ системот за да ти издадат нови таблици во ск, обично 2-3-5 дена ако немаш врски.
старата сообраќајна со печат одјава, мора да ја имаш при земање на нови таблици.
« Последно менување: 14 Мај 2012, 10:16:31 am zvonkog »

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6109
  • 69
Одг: Пререгистрација на возило
« Одговори #6 на: 14 Мај 2012, 10:14:18 am »
A za toa vreme moras da imas probni tablici ako sakas da ja vozis :) Inace kazna ne ti gine ako te sopre Milicija :D
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7049
Одг: Пререгистрација на возило
« Одговори #7 на: 14 Мај 2012, 10:16:55 am »
Јас го имав истиот случај, не се зезај, среди си на време со бирократските глупости. Не со секој џандар можеш да се разбереш.

Откако ќе завршиш со работите што zvonkog ти ги наведе, со договорот и уплатени парични средства за сообраќајна, таксени марки и таблици, мислам дека и еден документ од технички требаше да земеш, ќе одиш во МВР, таму ќе ти ги земат документите и старата сообраќајна и ќе ти дадат нови таблици и сообраќајна.

Потоа со новата сообраќајна ќе си одиш во осигурувањето и ќе побараш да ти издадат ново на твое име (нема да ти земат пари).

За секој случај, направи си копии од сите документи. (немораш заверени на нотар, освен купопродажниот договор, ма да и тоа ти е субјективен избор)

Отсутен VTR

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 733
Одг: Пререгистрација на возило
« Одговори #8 на: 14 Мај 2012, 12:42:53 pm »
Законски рок за префрлување од сопственик на нов сопственик е 15 дена, незнам дали беа само 15 работни, заврши си на време работата, ем едно гајле помалку :)

Отсутен infected

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 402
Одг: Пререгистрација на возило
« Одговори #9 на: 14 Мај 2012, 13:43:43 pm »
Јас купив сега возило од Скопје на старо на кое сеуште му важи регистрацијата. Бев во АМСМ ја префрлив на име на брат ми врз основа на нотарски заверениот купопродажен договор и ми издадоа нова сообраќајна за возилото, но со истите таблици.
Дали треба да се направи уште нешто и дали само доколку возилото е купено од друг град се вадат и нови таблици?

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43640
  • Il Moderatore
Одг: Пререгистрација на возило
« Одговори #10 на: 14 Мај 2012, 13:52:02 pm »
Ако си од Скопје, и ако претходно била на Скопски таблици - ништо друго! Сообраќајната е на твое име и пичи ;)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14231
  • Пудингот на шоферството
Одг: Пререгистрација на возило
« Одговори #11 на: 14 Мај 2012, 15:06:08 pm »
Не треба да го пререгистрираш,вози го дур трае регистрацијата,после тоа му ги праќаш таблите на предходниот сопственик тој ги одјавува и си го регистрираш во твојот град.Нема никакви проблеми само носи го со себе купопродажниот договор.Јас така имам возено 5 возила досега и никогаш сум немал проблем
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен VTR

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 733
Одг: Пререгистрација на возило
« Одговори #12 на: 14 Мај 2012, 15:36:00 pm »
На мене ми правеа проблеми, и затоа знам дека е 15дена рок за префрлување на новиот сопственик :)

Отсутен Mase

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 137
Одг: Пререгистрација на возило
« Одговори #13 на: 14 Мај 2012, 15:54:31 pm »
Не знам како е според Законот, но мој близок роднина купи половно возило од друг град, и цела година ја возеше со истите таблици, се додека не дојде време за регистрација. Тогаш ги врати таблите на првиот сопственик, и во МВР си зема нови табли и сообраќајна.
Немаше никакви проблеми, возеше со купопродажен договор.

А од лично искуство, процедурата за промена на таблици е следнава:
- Стариот сопственик треба ЛИЧНО да отиде во АМСМ во неговиот град, да уплати околу 500 ден. за одјава (вклучена административна такса од 130 ден)
- Потоа во МВР да ги врати таблиците и заедно со одјавата од АМСМ, да ја поништи сообраќајната.
- Службеното лице од МВР треба да ја внесе одјавата во компјутерскиот систем.

Со поминатиот технички, ти веднаш можеш да отидеш во АСУЦ Скопје, или П.С. Карпош или МВР во МТВ (на тие места полициските службеници имаат систем на кој можат да проверат веднаш дали возилото е одјавено) и ВЕДНАШ да завршиш работа - без врски.
Ќе добиеш нови таблици -цената на таблиците е 1550 ден.

И толку, со здравје да си ги возиш.  ;D

Отсутен stig

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 933
Одг: Пререгистрација на возило
« Одговори #14 на: 14 Мај 2012, 16:05:26 pm »
+1

само мало појаснување, технички не издава таблици туку МВР при техничкиот, друго не треба ти да одиш во другиот град, одјавата мора да ја изврши лично претходниот сопственик и одјавата од другиот град мора електронски да помине низ системот за да ти издадат нови таблици во ск, обично 2-3-5 дена ако немаш врски.
старата сообраќајна со печат одјава, мора да ја имаш при земање на нови таблици.

Не мора лично да ја изврши одјавата претходниот сопственик, лани продадов 5-6 возила во други градови некои сами си ги  одјавуваа во мојот град некои ми ги пуштаа таблиците и сообраќајната по карго за да им ги одјавам за да не се враќаат пак. До авторот на темата, најсигурно е да си ги смемниш таблиците исто ќе те кошта и сега и вгодина 1550 денари само што сега имаш шанси да заработиш казна ради тоа што не си ги сменил на време а тоа е 15 дена.