Здраво дечки. Очи ми паднаа од читање и никако да најдам решение за мојава ситуација. Зима или лето исто е Опел Омега 2.2 ДТИ 2001 година клапната за префрлување воздух на климата (при ладење и греење) на надворешен, внатрешен или автоматски мод не работи. Прашав предходно за решение на неколку места и сите креваат паменици незаинтересирано. Незнам каде е најпаметно да се однесе возилото и да најдат решение, ниту пак знам што ѓавол му е. Со загадениов воздух не е баш пријатно да пуштиш греење, а возам две мали дечиња. И сега или да смрзнат или топло да им биде е работава.
Однапред Ви благодарам дечки.
Потполно те разбирам, го имав истиот или сличен проблем како тебе (и знам што мака е со мало дете на загаден воздух, алергии, дишни патишта, коса ми се крева на глава). Мојата кола има климатроник двозонски, значи автоматска клима и кај мене поради тоа што 90% ја возев колата со вклучена рециркулација за да не ми влегува воздухот од надвор, јаверојатно ми беше заглавена клапната во таа позиција (по мајсторот можеби некако дошло вода до неа и ја замрзнала малку колку да го расипе електро моторчето што ја движи клапната, што ја мислам дека е тешко веројатно, ама нема врска, во секој случај не работеше моторчето). Јас на некој начин бев во подобра позиција од тебе, ми беше заглавена клапната на рециркулација и кога сакав да пуштам воздух од надвор за да проветрам и да не ми замаглува внатре (надвор од град, на отворено) не ми работеше. Се распрашував на многу места и од повеќе луѓе добив препорака само за едно место, А.Ц.Е. клима или Цеко, кај поранешно Раде Кончар, позади Тинекс, изгуглај ќе ти излезе локација и број. Саше се вика дечкото што ги прави тие работи, рачунај за рака околу 2000, плус минус, зависи колку работа ќе има. Најдобро да ти потврди дека се работи за тоа електро моторче па да бараш да купиш такво, за во случај да не не е тоа па да го зимаш за џабе. Ново не би знаел каде можеш да најдеш и колку би чинело, можеби ѓавол ипол, ама половно има шанси да најдеш.