јас денеска пробав со ова:


ја палиш колата, ја пушташ климата на нај ладно и на опција да го врти воздухот одвнатре. пушташ да дува на централниот и горниот отвор. сите прозори затворени, го стискаш потисното елементче на боцава, почнува да прска од него, ја спушташ на под пред седиштето, затвараш врата и оставаш да врти. во упатството вели 15 минути да работи колата. јас ја оставив 20 минути. после тоа, исто така додека работи, ја отвараш колата на сите врати да се излуфтира убаво. вели дека 99% од бактериите ги убива..
првичниот ефект е дека осетив мирис на нешто како освежувач некој што досега не сум го осетил.. како мирис на ново, измешано со пеперминт. ова го направив околу 4 попладне. прееска (околу полноќ) кога седнав у кола сеуште мирисаше многу интензивно... утре ке ги кажам првите ефекти дали ке има мирис на влага-мувла или не. исто така и после 5-7 дена ке пишам... ако е стварно толку “магично“ спрејчево, ке ги фалам кај стигнам. зашто возам помасивен караван и ДЕФИНИТИВНО има барем за 30-40% повеке волумен на воздух во кабината одколку на обичен седан, како повекето возила што се... значи ако кај мене е ок, тогаш кај повеќето би било ок...
дали и некој друг го користел ова? искуство некое?