сите авто клими... по процедура, треба на 7 до 10 години да се сменат гумените црева, како и гумичките на холендерите... тој зафат кошта колку 10 полнења на клими (одприлика)..
помирете се со фактот дека секоја година ке ги полните климите во колите... исто како и јас што се помирив со тој факт, кога одлучив дека во животот за да се изнавозам разно разни возила ке купувам исклучиво половни коли, за да можам да си дозволам да мењам редовно.
туторијал за проверка на исправност на авто клима:
-ја позиционираш на нај ладно
-отвараш хауба
-ја вклучуваш (нормално на вклучен мотор)
-додади гас до кај 2500 обртаи (нај убаво некој да седи во кола и да држи на гас)
-ја гледаш фланшата на компресорот дали врти
-ако не врти а каишот си проаѓа слободно значи комплетно не работи и можно е или да има дефект или едноставно да нема фреон
-ако прави уклучи-исклучи на секои 5 до 15 секунди, тоа значи дека фали фреон. не одложувај и иди ВЕДНАШ на мајстор да ја дополни, ризикуваш да го изгориш електро магнетот на вентилот па да те кошта ѓаол ипол...
-ако врти и мислиш дека се е во ред, почекај со контролирањето т.е. тестов прави го околу 5-6 минути.. ако се е во ред, тоа е тоа, фурај...
јас полнам и одржувам кај цеко... мајстор над мајсторите признавам. и саше момакот што работи кај него е еден од нај добрите авто електричари, па ако има и друг проблем ке го реши...
на пример денес го однесов пежото заедно со волвото на контрола... и на едното и на другото правеше така цк-цк уклучи-исклучи на секои 5-6 секунди... на волвото фалеше фреон, нормално... мислев и на пежото ама не, друг проблем т.е. електронски... кога ке вклучи климата мора перките (две се) на хладњак да вклучат во втора брзина, а тие во моментот дуваа во прва.. не ни сум приметил дека кога ке вклучи климата наместо во втора тие уствари се гаселе. меѓутоа со оглед на тоа дека само 5-6 секунди компресорот врти, ке крене надпритисок, ке прегрее, ке изгаси електронски и перките продолжуваат да вртат... е сега, саше е махер за тоа, арно ама не беше тука... да беше сигурен сум дека за 10 минути ке го решеш проблемот... наместо тоа, јас си се напупив над пежото 4 саати, цела инсталација за перките, климата и термопрекидачите ја извадив надвор, ја испоисеков и ја наместив од почеток по мое, со нови кабли, жабици и со сензори, давачи и се по ред...
поентата ми е дека на она жешкото се испрепотив, до гаќи се намокрив, се изпржив и стопив а момакот ке го решеш тоа за ситни пари.. ма колку и да се, ситни се, само мене ми се брзаше...