Автор Тема: Problem so klima  (Прочитано 200658 пати)

Отсутен Petkoski

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 20
Одг: Problem so klima
« Одговори #1020 на: 22 Август 2023, 09:50:53 am »
Дечки имам проблем со климата на Фиат Пунто. До пред 2-3 дена си функционираше супер, за вчера да не сака да дува ладен воздух. Си работи, меѓутоа дува топло. Фреон е надополнето пред 2 месеци колку што знам. Да напоменам дека се слуша повремено како зуење штом се пушти климата. Решение? Добар мајстор на реон Аеродром/К. Вода?

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17441
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Problem so klima
« Одговори #1021 на: 22 Август 2023, 09:56:25 am »
Автоклима "Вебасто":
https://maps.app.goo.gl/LGkG4SyC8tpwhtwf6

Авто Тек Сервис:
https://maps.app.goo.gl/D3WXhGN38ZhHhktQA

Со првите имам искуство, ми ја одгатнаа климата, со вторите немам ама доста луѓе на фејсбук ги фалат.

Отсутен Tomce

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 565
    • ibiz.mk
Одг: Problem so klima
« Одговори #1022 на: 22 Август 2023, 10:16:38 am »
Најголем проблем на квази клима сервисери е дополнување. Клима не треба да се дополнува, чим фали нешто има проблеми.

Прв и последен пат така кај мотоцентар, Ми ја дополнија за неполн месец дена пак исто, искочи некое микродупче на ладилникот.
Џабе 2000ки фрлени

Инаку во куманово АвтоКлима на Октомвриска(до КАМ), дечките се профи само со тоа работат.

Отсутен Petkoski

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 20
Одг: Problem so klima
« Одговори #1023 на: 22 Август 2023, 10:22:53 am »
Може лошо и се изразив. Не сум сигурен дали е дополнета или комплетно сменет фреонот, со оглед на тоа дека ја земав колата пред 1 месец и дечкото ми кажа дека има фреон ставено претходно. Ќе пробам да ја однесам во тој сервисот Вебасто, со оглед на тоа дека ми е во близина, па ќе видам што ке испадне.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17441
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Problem so klima
« Одговори #1024 на: 22 Август 2023, 16:18:36 pm »
Системот каде што стои фреонот е од затворен тип, односно ако ставиш фреон и нема отвор или оштетување од каде фреонот може да истече, климата ќе си лади бесконечно долго.

Точно, бившиот газда можда дополнил фреон, но дополнил бидејќи од некаде му истекол. Ќе ти го најдат дефектот, без гајле.

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8580
  • Малерозен дрводарец
Одг: Problem so klima
« Одговори #1025 на: 25 Август 2023, 05:27:19 am »
Може лошо и се изразив. Не сум сигурен дали е дополнета или комплетно сменет фреонот, со оглед на тоа дека ја земав колата пред 1 месец и дечкото ми кажа дека има фреон ставено претходно. Ќе пробам да ја однесам во тој сервисот Вебасто, со оглед на тоа дека ми е во близина, па ќе видам што ке испадне.

И јас бев во Вебасто пред неколку години.
Има некоја доплата за текуќина што фарба и во случај на излевање некаде веднаш ќе се дознае.

Ако го направиш тоа, мислам дека нема додатна доплата, едноставно служи за да дознаат каде тече и да го опраат по една недела користење.

Ама, да - оди директно прашај си, ќе ти објаснат убаво.

Лично, откако бев кај нив, не сум пуштил клима на повеќе од 1, немало потреба :) (ручна, Golf 6 / Skoda Yeti стандард, што оди од 1 до 4 :)))
Многу зборува - ништо не кажува.
Ветер од северен правец.
Раскажува детално за комплетно неважни работи.
На кратко, а богами и на Македонски: Никој.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10403
Одг: Problem so klima
« Одговори #1026 на: 25 Август 2023, 19:27:21 pm »
Kompresor niz grcka kaj bi nasol, po moznost blizu kracine? Fala

Отсутен gagmkd

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 16
Одг: Problem so klima
« Одговори #1027 на: 29 Ноември 2023, 09:45:09 am »
Здраво дечни, пред 1 месец купив кола и сакав да направам голем и мал сервис за јас да почнам од почеток да си ја одржувам и да имам увид на деловите кои се внатре, сервисот помина топ но откако ја земав колата од сервис при давање контакт и некогаш при шалтање на модовите за парното каде да дува, од позади радиото се слуша силен звук како удирање на пластика. После некое време престанува и го нема, сеуште не можам да најдам патерн кога точно се дешава, комплетно рандом е. Од фунционален аспект се си фунционира, нема мешање за дување, но звукот што го вади е многу силен и е досаден искрено. Дали некој имал слично искуство со такво нешто и кое би било решението?
Инаку станува збор за Сеат Леон 2013.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17441
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Problem so klima
« Одговори #1028 на: 29 Ноември 2023, 10:07:39 am »
Тоа ќе да е клапната за рециркулација/свеж воздух.

Отсутен FrozeN666

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 68
Одг: Problem so klima
« Одговори #1029 на: 28 Декември 2023, 17:00:33 pm »
Автоклима Вебасто, кај крстот Аеродром.

Одете ваму. После одење кај минимум 15 мајстори што појма си немаат од животот а се во Скопје, испадна само дел од стартер моторот 1,500 денари што требало да се смени. Имав филмови цревата, радијаторот, сензори (иако нови купив ги сменив и викаат не ти чинат) итн итн.
Ако некој незнае клими да праи што К** се нафаќа да наплаќаат пари?
Имав и цел стартер мотор ти е ебан, го ставам на дијагностика нема врска.

Нити ми се пријатели ниту ги знам лично ама ја направија климата и стакло е сеа. Не било до фреонот.
Едино е што ке чекате минимум 2 недели кога се многу зафатени, ама ако ја земат ке ви ја направат и не лажат. Барем мое искуство.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Problem so klima
« Одговори #1030 на: 12 Јануари 2024, 09:06:10 am »
За возачите на француски возила ако имаат проблем со клима.

Лани пред тргнување за грција слабо ладеше Меганот од зетот, а бидејки пред празник не успеавме за сервис. Така објаснувајќи му колку се козев да сменам филтер на мојот Меган, осетив на рака како дува топол воздух долу од каде се вади филтерот.
Му реков гарант фалш воздух влегува од некаде. Фативме да расклопување (слична постапка како меган2) и што да видиме. Таму во Белград во некој маалски сервис ги мрзело да расклопуваат, го извадиле капакот од филтерот, го измкнале стариот филтер, новиот не можеле убаво да го стават пошто нема саглам пристап, пластичниот капак го оставиле на задно седиште пошто вишок дел. Понатаму со тек на бреме фанот дувајки го избуткал филтерот уште некој сантим нанадвор.
Среќа зетот го ставил капакот во гепек па ја оспособивме климата.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2318
Одг: Problem so klima
« Одговори #1031 на: 12 Април 2024, 14:37:01 pm »
Да не ја отварал некој сезоната со сервис на клима, проверки, дополна на фреон. Ме интересира колку стигна цената за грам фреон, да не ставал некој сега брзо? Треба да дополнам па да знам дали да одам регуларно или да го чекам оној од Илинден со цена 700 денари колку и да ти фали. мене ми фалат околу 150 грама, установено е тоа последните години, толку губи преку зимата.
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3736
Одг: Problem so klima
« Одговори #1032 на: 12 Април 2024, 15:00:56 pm »
@riki_staff

Sent from my SM-A546B using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Присутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5827
Одг: Problem so klima
« Одговори #1033 на: 12 Април 2024, 17:32:54 pm »
Авто тек Скопје.
500г фреон+боја+лепак-1500 денара.
Без лепак 1200 денара.

Sent from my Redmi Note 8 Pro using Tapatalk


Отсутен Kikac

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2734
  • Шалабајзер
Одг: Problem so klima
« Одговори #1034 на: 12 Април 2024, 18:31:21 pm »
Да не ја отварал некој сезоната со сервис на клима, проверки, дополна на фреон. Ме интересира колку стигна цената за грам фреон, да не ставал некој сега брзо? Треба да дополнам па да знам дали да одам регуларно или да го чекам оној од Илинден со цена 700 денари колку и да ти фали. мене ми фалат околу 150 грама, установено е тоа последните години, толку губи преку зимата.
ИнтерФриго Лепенец 2000 денари со боја, имав само 100грама фреон, за 2 недели пак на контрола


Sent from my iPhone using Tapatalk
No turbo, no fun :)