Поздрав до сите
татко ми со колата (Мазда 626 98г) има проблем со климата (вклучена е цело време и ко ќе лади работи супер, ама поначесто се исклучува и не лади, веројатно се презагрева пошто тогаш сензорот за темп покажува темп од 50 степени
знам дека описот е многу општ, ама не сум со колата
Сервисер за клима во БТ што би рекол дека е искусен и доверлив му рекол дека проблемот е во компресорот, така да ајде да прифатиме дека то е то.
Прашањето е дали некој во СК работи ремонт на компресори за клима, дали уопште се исплаќа такво нешто? Половен нема шанса да се најди, единствена алтернатива е нов
фала ви
Обнова и подетален опис на проблемов, секоја сугестија е добредојдена.
Прво испадна дека перката на кондензаторот е расипана, променета е перката, и сега врти постојано.
Климата ко ќе ја пуштам лади супер, температура дава грч, меѓутоа после повеќе 30ина минути возење (нема разлика дали во град или на автопат), наеднаш ќе почни да слабее ефектот и полека полека ќе престани да лади (понекогаш низ вентилациските отвори ќе пушти малце бела пареа).
Ќе ја изгазнам климата, ќе возам 5 минути, пак пуштам и исто како погоре.
Кондензаторот и дехидраторот се релативно нови (2-3 години макс), филтерот за полен е сменет.