За парирањето, секој си гледа субјективно, но реалноста е дека за пристојна цена (во моментов акциски се продава Cee'd 1.4 за 10.990 евра, а на таа цена може да се ќари уште некој ситен попуст) се добива одличен автомобил за просечниот возач, на кој му е важна доверливост и гаранција. Си има некои недостатоци, но човек треба да биде реален и да е свесен дека не купува возило со спортски претензии.
За просечен возач, со просечни барања - Сидот е одличен избор, а го има плусот да не е ружен до солзи (со тоа што сметам дека подобро изгледаше пред фејслифтот).