Ме интересира еден мит којшто кружи меѓу народот па би сакал објаснување. Сите знаеме дека поефтините модели на еден бренд кои носат и послаби мотори носат и помали бандажи. Еве пример голф 6 од 80КС носи 15ки челични. Сите велат дека поголем бандаж го гуши моторот и затоа на тој мотор не се стваат 16ки или 17ки. Е сега која е логиката тука. 16ките и 17ките се алуминиумски , не челични што автоматски значи дека се и полесни. Друга работа, 15ка фелна носи високопрофилни гуми, 17ка ниско-профилни така да обемот на тркалото останува ист така да ни тоа не го оптеретува моторот, дебеелнита на гумите може да остане и иста. Која е логиката дека поголема алу фелна од помала челична го оптеретува моторот ако може објаснување.