Цената без пескарење и нанесување кит беше 200 или 250 евра не памтам точно. Пескарењето и китирањето го правев на друг мајстор, кој ме завлечка претерано, и на крај отидов и си ги земав недовршени, но во Скендеровски го направија финалното средување на китот. Ми нудеа и хромефект да тртнат ако сакам на црната боја, за екстра 80-тина. Мојата е металик црна, од Ауди по код. Врз неа имаат ставено екстра јак еластичен лак, во неколку слоеви, така да е доста издржлив, јас од 2005 или 2006 ги имам, нормално, има по некоја грепка, ама со оглед на тоа дека имам повеќе од 80-тина иљадарки свртено од тогаш со колата - одлично се покажаа. Додуша, по 3 месеци во зима челични бандаши возев.