Момци, слушнав за некои митски отпади во Тетово кај што се продавале половни бандажи на велико. Ми требаат за Polo 6R, тие се со пет штрафа на размак 100, барам 15ки ама би се помирил со 14ки или евентуално 16ки. Тоа што се наоѓа на огласи со тие димензии е генерално жива мизерија и у никој случај не се нешто што би личело на кола од 2010 година. Дури би кажал дека ни фабричките бандажи за оваа кола не се баш ко шо треба, сметам дека бандажи од Сеат или Шкода подобро би изгледале него тие што ги нуди Фолксваген.
Како и да е, знае некој кои се и каде се тие отпади, па да си ја пробам среќата таму?