Можеби внатре помалце се осеќаат колку побрзо ги поминуваш ама суспензијата повеќе ги осеќа.
Суспензијата си трпи оптоварувања, за тоа е димензионирана.
Но, не е исто да удриш во дупка длабока 1/3 од висината тркалото со 20км/ч и со 70км/ч.
Со повисока брзина силите што дејствуваат врз суспензијата се неколку кратно поголеми, па дури и над дозволеното оптоварување што може да го издржи подвозјето.
Во тој случај, се јавуваат трајни оштетувања.