Па ако ги поминуваш нерамнините со 90км/ч ќе рокне да, ама ако си со 50км/ч според законот, поднамалиш на 40км/ч буквално е неприметливо.
Нерамнини помалку се осеќаат ако побрзо возиш. 
Зеро е во право.
Еве еден пример:
Имаш дупка со длабочина од 10см на сред лента.
Ако возиш со 40км/ч тркалото ќе "падне" во дупката, во текот на движењето при излез од дупката, тркалото ќе удри во работ од дупката.
Во возилото ќе осетиш, удар нелагодност. Благо навалување кон страната каде што била дупката.
Ако возиш со 80км/ч тркалото нема да има време да падне и излезе од дупката, односно дупката ќе ја "прелеташ".
На уште повисоки брзини ова прелетување нема ни да го почувствуваш односно, нема ни да ја остеиш дупката воопшто.
Моментот кога нема да ја осетиш дупката е директно зависен од брзината на собирање на амортизерот и крутосната карактеристика на спиралата.
Ако амортизерот е постар, или по нашки кажано стврднат, тркалото и на повисоки брзини ќе влегува во дупката затоа што му треба повеќе време да се собере и да го апсробира ударот.
Таквиот "расипан" амортизер има претензии да го држи тркалото за асфалт, но не и да апсорбира удари. Односно ударите ги апсорбира многу побавно отколку кога бил нов.
Ако амортизерот е "омекнат" односно лесно се собира заради истечено масло, тогаш како и да возиш сите дупки ќе ги осетиш, и на поголеми брзини ќе се љуљаш во кола и после 20 секунди откако си ја поминај дупката.
Во таквата ситуација амортизерот не врши апсорпција на ударот, туку служи само како механичка водилка, потпора на пружината. А, пружината како и секој федер, се додека има дејство на сила врз неа, ќе се стреми да се врати во првобитна положба, и ете ти одличен рецепт за "љуљање" на секоја дупка.
Инаку, помунувањето на дупки со поголема длабочина е секогаш подобро да се прави со помала брзина.
Нерамнини, пукнатини, длапки и дупки со поголем пречник, но помала длабочина се сосема безбедни за поминување со поголема брзина. Тоа го правиме при секое возење на автопат кај нас во МК.
Конкретно, нерамнините кај Бриколаж пожелно е да ги поминеш што е можно побавно.