ГД Гранит АД Скопје поради градежни активности на автопатот А1, коридор 10 од 114+673 км. до 126+272 км. од 22.11.2016 (вторник) ќе воспостави времен режим на сообраќај на автопатот А1, коридор 10 од клучка Неготино до клучка Демир Капија. Сообраќајот ке се одвива во насока од Скопје кон Гевгелија и Атина по регионалниот пат Р1102.
^Ова ти е за ако одиш по автопатот, па преку Валандово- Струмица- граница.
Ако одиш преку Велес - Штип:
Од 20.06.2016 година е воспоставена времена измена на режим на сообраќај на магистрален пат А3, делница клучка кај с.Кадрифаково – клучка кај с.Три Чешми. Пренасочувањето на сообраќајот е по регионалниот пат Р526.
Кратко кажно, градежни активности има скоро секаде по патиштата. Се пренасочува по најгрозни патишта каде неможеш ни пешки да поминеш. Никаде не си раат. Најарно вози си по најкраткиот пат, (преку Куманово)
Додека да ги напраат ќе истрпиме
