Автор Тема: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?  (Прочитано 610925 пати)

Отсутен WorM

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 616
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #2040 на: 25 Август 2016, 13:17:33 pm »
Вињетка е топ работа...тој што не сака да си ја купи треба да вози по старите патишта (што не се во којзнае добра состојба).. Ја би за вињетка или ако ништо друго, барем нека воведат TELEPASS, нешто ко у Италија:

https://www.telepass.it/ecm/faces/public/telepass/

Одлична наплата и нема застанување, кој му треба си плаќа годишно и тоа е тоа..

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6831
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #2041 на: 25 Август 2016, 16:18:49 pm »
Вињетка е топ работа...тој што не сака да си ја купи треба да вози по старите патишта (што не се во којзнае добра состојба).. Ја би за вињетка или ако ништо друго, барем нека воведат TELEPASS, нешто ко у Италија:

Со среќа возење по стар пат од Скопје до Велес. Или Тетово-Гостивар. :)

Присутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34296
  • Таков е животот... јебига
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #2042 на: 25 Август 2016, 16:22:24 pm »
Вињетка е топ работа...тој што не сака да си ја купи треба да вози по старите патишта (што не се во којзнае добра состојба).. Ја би за вињетка или ако ништо друго, барем нека воведат TELEPASS, нешто ко у Италија:

Со среќа возење по стар пат од Скопје до Велес. Или Тетово-Гостивар. :)

Па ќе си платиш бе вињетка, што не ти е јасно. Ако одиш еднаш у годината тогаш оди по стар пат, не е страшно ко за еднаш нели?

Присутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17782
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #2043 на: 25 Август 2016, 16:29:45 pm »
Вињетка е топ работа...тој што не сака да си ја купи треба да вози по старите патишта (што не се во којзнае добра состојба).. Ја би за вињетка или ако ништо друго, барем нека воведат TELEPASS, нешто ко у Италија:

Со среќа возење по стар пат од Скопје до Велес. Или Тетово-Гостивар. :)

Тетово - Гостивар има две други опции покрај автопатот, од кои левата преку Брвеница е 70% нов, писта рамен асфалт. И јас бев изненаден.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6831
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #2044 на: 25 Август 2016, 16:35:28 pm »
Па ќе си платиш бе вињетка, што не ти е јасно. Ако одиш еднаш у годината тогаш оди по стар пат, не е страшно ко за еднаш нели?

И јас сум за опцијата со вињетка, притоа таа да важи за сите патишта надвор од населено место, па твој да биде изборот по што ке возиш. А во ситуација да не важи за магистрални и регионални патишта не е ок, од една причина што ја наведов дека добар дел од тие стари патишта не само што не се во добра состојба, туку е и невозможно да стигнеш, ете пробај од Катланово до Велес да стигнеш со обична кола, нема да успееш пошто нема ни асфалт по тој пат во добар дел од него.
Од друга страна, пак сите би се насочиле кон користење на такви патишта онаму каде што би ги имало како опција, ке се уништат и нема поправка затоа што за нив не се наплака.

Затоа најдобра опција вињетка за сите патишта надвор од населено место.

Отсутен lans

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1297
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #2045 на: 26 Август 2016, 00:54:59 am »
brm brm тоа што ти возиш 60км годишно, тие истите можиш да ги поминиш по стариот пат, е сега ќе изгубиш едно 5-10 минути повеќе ама за еднаш нема гајле.

Годишна бугарија вињетка е 50 евра ако не се лажам, неделна 7 евра.
Битола - Софија ме чинеше 400ден наши патарини и 420ден неделна вињетка, а можам до Варна да одам Бугарија.
Кај нас годишно одам до Скопје просек 6-8 пати и ме чини по 360денари, дури и јас што не одам многу а веќе ги давам 3000ден за патарини низ македонија годишно.

Салам не стрижат со патарините.
bugarija godishnata jas ja plativ 90 evra mislam
VW Passat 2.0TDI 2015
Skoda Fabia 1.2TSI 110PS DSG7 2016
Honda SH150i  2020

Отсутен brm brm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2653
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #2046 на: 26 Август 2016, 01:15:54 am »
brm brm тоа што ти возиш 60км годишно, тие истите можиш да ги поминиш по стариот пат,
И за сите други што викаат треба да си возам по стар пат. Не 60 годишно, и еднаш годишно да излезам од град, сакам да си возам по нов пат! И не смее никој да се исклучи од користењето на тоа јавно добро. Бар не државјанин на Мк.
И не нема да е фер сите да плаќаат иста патарина годишно а некој возе дупло почесто од друг.
Само сакам да кажам дека што и да прават мора да се прилагоди да им одговара на сите! Малку пари фрламе по даноци

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6817
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #2047 на: 26 Август 2016, 07:42:40 am »
bugarija godishnata jas ja plativ 90 evra mislam
Се имаш збунато или пак ги имаат намалено нешто цените после втората половина од годината?
Интернетот вика 97лв. или ~50€

И не нема да е фер сите да плаќаат иста патарина годишно а некој возе дупло почесто од друг.
Како и да го направат ти најоштетен ќе бидиш, макар и дневна винетка ако извадат. Ти можеби ќе извадиш еднаш годишно од 500денари неделна/дневна, а некој со 1500денари или колку и да е годишна, ќе си ровари по автопати деноноќно.

Пример многу од работите што се измислуваат/донесуваат закони се за да им се угоди на богатите/аристократијата, а чист пример ти е регистрацијата на возилото.
Горната граница за плаќање запира на 150 коња и 3000кубици, односно 23-25000денари. После тоа аудито од 2000-та со 180коња тебе ќе те кошта за регистрација исто колку што го кошта да го регистрира Бране ферарито или Х6-ката на Дојче од по 200.000 евра, 500коња, 6000 кубици. Почетно Спарк за регистрација 8-9000.

Кратко, за сиромајте никој не му е гајле.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5140
  • The Spartan General
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #2048 на: 26 Август 2016, 08:45:16 am »
bugarija godishnata jas ja plativ 90 evra mislam

97 лева е бугарската за една година. Ако навистина си платил 90 евра прописно те одрале.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3960
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #2049 на: 26 Август 2016, 09:15:24 am »
Сегашниов систем на наплата на патарини е најдегенско идиотски систем што може да постои со ненормални гужви, губење време и запирање на секој 15мин возење, DPF филтер неможе човек да издува на раат. Но зошто си знаеме сите каков народ сме и дека тоа со вињетки нема да успее од причина што ако комшијата повеќе ја вози колата глупо ќе ни биде зошто сме ја платиле вињетката исто. Никогаш нема да се направи систем што ќе им одговара на сите подеднакво. Според мене вињетките се најдобро решение, а после нив затворениот систем на автопати. Се друго е губење време, пари и живци на сите во сообраќајот.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3298
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #2050 на: 26 Август 2016, 10:00:42 am »
Вињетките се вистинско решение за наплата на патарина.
Треба да има неделна, месечна, тримесечна и годишна вињетка, па според кој колку често патува толку пари да си троши на вињетка.

Џандарите ќе треба да бидат поригорозни и да проверуваат дали се користи вињетка.

Знаејќи го нашиот менталитет нема да биде мал случајот на тие што ќе бидат "паметни" и ќе се шверцаат без вињетки, затоа што "што ќе плаќам сеа вињетка од Скопје до Велес, нема да ме види никој".

Во исто време и шуто и рогато се вработи како џандар и истите немаат никаков авторитет веќе, повеќето џандари се кријат од "проблеми" затоа што се вработиле да земат плата и да не се замараат, па оттука може слободно да кажеме дека контролата на тоа кој ќе има вињетка ќе биде катсастрофална. Дополнително им отвара на џандарите простор за мито затоа што, ако те фати џандар без вињетка, ќе можеш да им пуштиш 500, 1000 денари за да не те казнат или пак да ги најадеш бурек или слично, зависи од џандарот на смена.

Плус тоа, парите од вињетките да се користат во инвестирање за:

- асфалтирање на патишта,
- изградба или обнова на заштитна ограда околу автопатите

А не за плати на превработени државни претпријатија со партиски шупаци и дудлачи што ништо не работат.

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7514
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #2051 на: 26 Август 2016, 14:54:50 pm »
А зашто не може да се направи како во Србија ? Со електронска наплата- апаратче. Си земаш апаратче, си ставаш кредит на него и терај. :)

Е сеа за странците што ќе патуваат низ државава, хм... може на влез да земаат апаратче со депозит, со кредит доволен до излез на граничен премин, и да го вратат апаратчето, или да си плаќаат вака. Да има лента и за тоа и за тоа.. и ајт. ;D :D

Отсутен TheHeatIsOn

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 515
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #2052 на: 26 Август 2016, 14:58:59 pm »
Ne vi e jasno izgleda zoshto seto toa ne se voveduva kaj nas, razmislete kolku toa svez kesh e sekojdnevno :)

Отсутен brm brm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2653
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #2053 на: 26 Август 2016, 15:14:01 pm »
 И со и без вињетки ние пак ќе си возиме по нашиве катастрофа патишта :)

Присутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4023
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #2054 на: 26 Август 2016, 19:01:29 pm »
На делот Велес- Катланово кој беше завршен пред некој месец, веќе има дупки на десната лента. Контрола на квалитет постои во градежништвото или е мисловна именка.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"