Како е ситуација накај Грција преку Гевгелија? Се прави негде патот?
После смоквица се прави патот биди многу внимателен и брзината прилагоди ја според знаците заради тоа што се вклучуваш во другата лента...имаш на 2 места знак 40 и вози околу 45 - 50 км на час пошто има радар постојано заради странциве ( поготово србите ) каде што на тоа место возат преку 140 ....
Знајш ме потсети на една случка од почетокот на Јули месец оваа година...

10:30 нека имаше часот, се враќав од Гевгелија дека до 11 сум ограничен и сам на патот нема никој си возев некаде 70-80 и како се наближувам да се приклучам во друга лента ќе намалам на 40 и пак исто си возев 60-70. Кај Прдејци селото нели има мост, гледам од далеку свети нешто ко батериска лампа, викам кои се овие ноќно време на автопат, и ништо си поминав а ни на крај памет не ми текна дека може и да е радар. Што знам можеби беа и некои луѓе, ама јадежот е да не беше радар упм. Честитка ми нема стигнато дома, белким нема ни да има, уште таа ми е кусо.
Упм еј, со кој памет, сам на автопат возам 80 и на кој начин јас загрозувам сообраќај

А тоа што секој ден во Скопје сум сведок на непрописно возење и максимално загрозување на сопствениот а и туѓ живот тоа никому ништо.
Па тоа е хаос, на црвено поминуваат, автобуси летаат, на кружен тек немаат појма кој има предност, абе лудници..

Лоповска држава значи бреее..