ПОЧНА ДА СЕ ГРАДИ ЕКСПРЕСНИОТ ПАТ ШТИП - КОЧАНИ
Од штипската населба Три Чешми почна да се гради најавениот експресен пат Штип - Кочани. Деновиве, во интензивна фаза на изградба се мостовите и главната клучка меѓу овој експресен пат и автопатот кој е во изградба Штип -Миладиновце. Сообраќајната обиколница кај Три Чешми, според проектите, ќе ја поврзува и новата патна делница кон Радовиш.
Експресниот пат Штип - Кочани ќе минува покрај сегашниот регионален пат и ќе има четири ленти, по две од секоја страна. Должината е 28 километри. Инвестицијата од 53 милиони евра е поддржана од Европската банка за обнова и развој.
Планирано е овие градежни работи да продолжат и со комплетна реконструкција и извесно проширување на патот Кочани - Делчево. Според тендерот, за 30 километри пат кон бугарската граница ќе бидат потрошени 10 милиони евра. (T.J.)