Какво изненадување! Па кој би рекол? Кој можеше вакво нешто да претпостави?
„Градот Скопје се откажа од подземната сообраќајница“
http://www.build.mk/?p=35468„Превисоките понуди за изградба на тунелот под плоштадот „Македонија“ придонесоа Градот Скопје засега да се откаже од идејата за реализација на најзначајниот инфраструктурен проект во главниот град.“
„И по сите напори од страна на Градот, не се доби цената која Град Скопје ја имаше буџетирано за изградба на подземната сообраќајница. Вчера се потпишаа одлуката за прекинувањето на втората тендерска постапка за оваа сообраќајница.“
За други проекти не пречеа значајните пречекорувања на буџетот. Анекси, ово, оно, и ете, бидна работата, не? Тоа е. Но, ова не се уметнички дела за кои законот не предвидува тендер.
Се знае колку може да чини ваков проект.
Разликата меѓу буџетираните средства и најниската понуда е околу 10 милиони. Толку чини само музејот на вмро и тоа според владата чии што тврдења се сериозно оспорувани (можно дека чинел далеку повеќе, не знаеме). Но, изгледа восочните фигурни беа поважни од најважниот инфраструктурен проект во Скопје во последните неколку децении. Така се прави држава... or not? После кога ќе умираат луѓе од рак и бронхитис ради дишење ауспух и азбест со саати на згужваните семафори - криви ќе бидат гмо, хаарп и кемтрејлс. Ебате беља ебате! @&#!%@^#