Треба од Скопје се до Струмица да има автопат, од Велес преку Прилеп, Битола, Ресен до Охрид, и од Гостивар до Охрид.
И пруга во со два колосеци, низ цела Македонија.
Можеби и товарен аеродром со мал патнички терминал во Струмица.
После тоа инвестициите сами ќе си дојдат.
Се согласувам со се, освен со аеродромот.
За да има потреба од нов аеродром, овие постоечкиве треба да не можат да постигнат. А далеку се од тоа, летовите можат да се избројат на прстите од едната рака.
Хонг-конг со едно мочано пистиче израсна во економски џин и пред да го направат новиот аеродром во 1998, таков мал и скапан аеродром беше најпрометниот карго аеродром
во цел свет.Наместо нов аеродром во Струмица, треба Струмица добро да се поврзе со скопскиот аеродром. Ене го каде е. Напраи пруга од Струмица до Петровец и ете аеродром за струмичките производи.
Мислам дека на Македонија нај-турбо-очајно и фали железничка мрежа и железничкиот Коридор 8 со Бугарија и Албанија. Тоа требаше да го завршиме пред 20 години по итна постапка, додека другите екс-ју си вадеа очи ние да искористиме, но за жал ништо не напраивме ко мутави некои...