Kaj ojde svetot a do kajsme nie
Ова е иднината на јапонските куршум-возовиНовите Мaglev возови кои се на тестирање во централна Јапонија, можат да го скратат времетраењето на патувањето од Токио до Осака во должина од 500 километри на само еден час. Популарните куршум-возови Shinkansen пренесуваат по 930.000 патници секој ден, но по 50 успешни години на оваа технологија и нив им е потребно усовршување.

Најбрзиот воз на Shinkansen се движи со брзина од 320 километри на час, а модерната технологија му донесе бројни ривали не само во европските градови туку и во Кина.
Според јапонскиот премиер Шинзо Абе, одговорот е во Maglev возовите, кои левитираат на магнети. За нивното функционирање не се потребни тркала и нема триење, а резултатот е поголема брзина и помала бука. Можат да развијат брзина до 506 километри на час.
Трошоците за оваа нова генерација возови се огромни. Јапонија ќе потроши повеќе од 100 милијарди долари на инфраструктурата, а во прво време ваквите возови треба да ги поврзуваат Токио и Нагоја. Планот е да влезат во употреба до 2027 година, а до 2045 година, Јапонија планира да ги поврзе Токио и Осака на овој начин .
Сепак критичарите сметаат дека Јапонија реално нема да има потреба од таква услуга, а една од причините се претпоставките дека популацијата од сегашните 127 милиони за 30 години ќе се смали на 105 милиони.
Во меѓувреме компанијата JR Tokai, која стои зад проектот, се обидува да ја продаде технологијата во САД, но критичарите велат дека пред да се обидат да ја извезат, потребно е да ја применат во својата држава.